На вашингтонскиот свадбен бен Сикспенс им требаа 45 години ама сепак дочекаа да станат музичка сензација, откако некој ја откри, реставрира и објави на Јутјуб нивната изведба на Боемска рапсодија. Квин во живо никогаш ја немаат вака изведено, сосе сите делови а без технолошки финти. Tезгаџиски прецизни и винтажни до коска.