Иако втор референдум за независност на Шкотска подолго време се споменуваше, тој стана сериозно актуелен по гласањето за брегзит, кога првата министерка на Шкотска Никола Стурџон, најави дека нејзината земја треба уште еднаш да провери дали сака да остане во Британија.
Според уставниот експерт од Вестминстер Универзитетот, Питер Катерал, иако Стурџон веројатно е единствениот политичар на островот кој по брегзит бил на ниво на задачата, постојат неколку проблеми со референдумот за шкотската независност:
1. Вестминстер нема да дозволи втор референдум за независност на Шкотска
Иако има сопствен парламент, на Шкотска и понатаму и треба дозвола од Вестминстер за одржување референдум. На последното гласање над 55% од шкотските гласачи избра останување во Обединетото кралство, процент што може да е сериозно размрдан по резултатите од брегзит.
Сепак, според Катерал не постои уставна обврска за британската влада да дозволи одржување на втор референдум.
2. Шкотската економија не може да се справи со независноста
"Шкотската економија повеќе не е на нивото од референдумот од 2014. Цените на нафтата се други, изложеноста на шкотските банки е уште полоша, па според мене Стурџон само сака да го опипа теренот. Таа е претпазлив, лукав политичар. Бев изненаден од тоа како успеа да го натера Алекс Салмонд, да работи со телевизиите и да прави галама. Тоа на неа и дава алиби. За разлика од Борис Џонсон, малку е веројатно дека таа би кажала нешто што мисли дека нема да може да го испорача."
Полагањето право на нафтата во Северното море, беше еден од главните столбови на кампањата за шкотска независност, меѓутоа цената на нафтата е на половина од тоа што беше пред година и пол. Додека банката РБС во 2008 мораше да биде спасена од британската влада, што дополнително ги компликува работите.
3. Не можеш да се согласиш каква независност да добие Шкотска
Дури и ако изгласа независност, уште не е јасно во која форма ќе биде тоа.
"Земете ја Данска за пример. Таа е во ЕУ, меѓутоа два дела од Данска - Гренланд и Фарските острови - не се во ЕУ. Дали е ова модел за Шкотска? Одговорот е: никој не знае. Ова ќе биде политичка одлука. Она што знаеме дека ова успеа кај Данска, па дури и Германија која ја успеа да ја внесе својата источна половина за време на обединувањето, па веројатно не е невозможно и замислување на асиметрично Обединето кралство во кое полу-автономната Шкотска е во ЕУ, а остатокот од Британија не е. Ама во пракса ова би било ужасно за спроведување."
Пред воопшто да почне со уште еден референдум, Шкотска ќе треба да одлучи околу две работи, дали да се приклучи на еврото, и дали да се приклучи на Шенген зоната.