Во став мирно за Хари

Без разлика што мислат Елизабета и Чарлс за забавата на Хари во Лас Вегас, младиот принц доби вонредно голема (полугола) поддршка од своите сограѓани.

На Фејсбук веќе е отворена група "Support Prince Harry with a naked salute" која брои 12.000, кои полуголи му салутираат на Хари во знак на поддршка.

Меѓу фотографираните има од британски војници во Авганистан и сопруги на војници, до поранешни припадници на армијата и луѓе кои само сакаат да дадат поддршка.

 

29 август 2012 - 09:59