Во Индија непожелни се - докторите

Ги бркаат од маaло, ги каменуват, ги плукаат. Сето тоа уплашената раја од некои заедници го прават за да не се заразат од лекарите и медицинските сестри. Кога ќе затропа корона во нивно маало, ќе нема кој да ги опули. Дарвин пуштен на најјако.  

Додека се борат во болничките први борбени редови со пациенти од ковид-19, проблемите со кои се соочуваат се дел од професијата која ја одбрале. Сосема поинаков проблем е кога ќе им престане работата и ќе треба да излезат надвор.

Се множат извештаите во кои лекари, сестри и друг персонал пријавиле вербално тормозење или физички напади од граѓани кои ги сметаат за опасни бидејќи се занимаваат со ризична професија. Од истите причини, некои се прогласуваат за непожелни во маалата во кои живеат.

Непријателствата кон оние кои ја обавуваат најдрагоцената професија во моментов, особено се забалежуваат во заедниците со муслиманско население. Не затоа што тоа има некаква врска со исламот туку затоа што таму владее најголема недоверба кон сè што доаѓа од државна институција.

Пред некое време, две докторки во комплетна заштитна опрема излегле на терен, во еден густо населен дел на градот Индорe, за да прегледаат жена за која постоеле индиции дека има ковид-19.

Вака тоа завршило:

4 април 2020 - 19:13