Трамп го претица Линколн

За мнозинството Републиканци, актуелниот претседател е подобар претседател од иконата на американската државност, Абрахам Линколн. Да, добро прочитавте. После, велешани биле криви....

53% од Републиканците оценуваат дек Доналд Трамп е подобар претседател од Абрахам Линколн. Според испитувањето на јавното мислење спроведено од Економист/Југов, Трамп му води на Линколн за 6 процентни поени, 53: 47.

Магазинот Ролинг стоун се теши дека не е сè отидено до ѓаволите повикувајќи се на поголемата слика, онаа во која се вклучени и демократите и независните. Во тој тотал, 75% од луѓето сметаат дека Линколн сепак бил подобар лидер на американската нација. Во негативата на Трамп особено натежнуваат демократите кои се 94% се за Линколн. 

Посегнувајќи по цинизмот како последна одбрана од ваквите поразувачки резултати, разочараните велат дека тие 53% веројатно не ни знаат кој е Абрахам Линколн.

Единствениот конзервативен претседател со кој Трамп не може да се мери е Роналд Реган кој го води со 59:41.

 

 

3 декември 2019 - 14:07