Тони Блер за грешката во чекори околу Садам

Британија и САД "длабоко" го потценија хаосот предизвикан од соборувањето на Садам Хусеин, порачува самиот Блер во, според Индепендент, "еден од најискрените изрази на жалење околу војната во Ирак."

Блер изјавата ја дава на неколку недели пред објавувањето на извештајот од истрагата на Чилкот околу ирачката војна. Тој дополнува дека Западот не ги предвидел "силите на дестабилизација" кои ќе го пополнат вакуумот настанат од падот на Садам.

Иако некако постојано се очекува Блер да даде извинување околу интервенцијата во Ирак, тоа и овој пат не се случува, но затоа повтори дека Западот треба да биде подготвен да испрати копнена војска на Блискиот исток, ако има намера да го порази ИСИС.

"Лекцијата не е комплицирана, напротив проста е.

Односно, дека кога отсрануваш диктатор, ќе почнат да се појавуаат сили на дестабилизација - без разлика дали е Ал-Каеда од кај Сунитите или Иран и неговите милиции на другата страна," изјавил Блер.

Најавениот извештај се очекува да биде посебно критичен околу планирањето на периодот по крајот на конфликтот, во кој Ирак завршува во крвава граѓанска војна, која пак доведе до создавањето на ИСИС.

25 мај 2016 - 12:51