Се работи за „менаџирана програма за алкохол“ во која медицински сестри им служат пијачки на бездомниците како начин за водење грижа за нив.
Надежта зад програмата е дека со нејзина помош ќе се регулира количината на алкохол што ја пијат бездомниците, а во исто време да не мораат нагло да прекинат туку да почнат со контролирано пиење алкхол.
Секој бездомник е одделно проверен од медицинските сестри кои вообичаено им даваат една до две пијачки на пациентите три до четири пати на ден.
Експертите што се дел од програмата тврдат дека таа помогнала бездомниците да не завршат во болница, затвор или мртви. Пред воведувањето на програмата алкохоличарите бездомници се меѓу најбројните корисници на итните служби на градот.
Како што објаснуваат целта на програмата не е отрезнување на бездомниците туку намалување на штетата и негативните последици.
Критиката за програмата, освен што 5 милиони долари годишно се даваат за пијачки, е дека ваквите програми само дозволуваат продолжување на зависностите, наместо одвикнување од истите.