
Пред затворањето на пазарот, во неделата претходеше акција за освојување на една од фавелите (популација 70.000 жители) која долго време беше под власт на нарко картелите.
Веднаш по акцијата, полицијата и социјалните работници почнаа да ги собираат зависниците од "cracolandia" (земја на кракот) кои одеднаш останаа без дрога.
По полицијата, во акцијата се вклучи и локалното комунално претпријатие, кое од фавелата изнесе над 220 тони ѓубре, а беа заменети и над 300 улични светилки.