Злобниците кои очигледно сакаат да го нарушат еквилибриумот меѓу Салвини и Нутела, му откриле на лидерот Лигата, дека лешниците кои се користат во производството на намазот не се од Италија, туку се увезуваат од Турција.
По ова Салвини во знак на поддршка на домашните земјоделци решава да се откаже од Нутела произведена од италијанскиот бренд Фереро.
За време на една средба со гласачи тој порачува дека претпочита да „јаде италијански производи, и да им помага на италијански земјоделци“.
Подоцна, на Твитер, неговиот став омекнува, па тој пишува дека и понатаму ќе јаде Нутела, но го повика Фереро суровините да ги набавува од Италија.
Во 2015, Салвини предизвика дипломатски инцидент со Франција, откако тогашната француска министерка за животна средина повика на бојкот на Нутела затоа што нивната употреба на палмино масло предизвикува уништување на шумите.
Нутела пред некоја година мораше превентивно да интервенира и да бара ексклузива од дополнителни одгледувачи на лешници од Турција, откако беше предвиден глобален дефицит на производот. На Турција отпаѓа околу 70% од глобалното производство на лешници. Земјата во 2017 има произведено 439.000 тони лешници. Италија, која е второпласирана, произведува 131.000.