Кларк Винслоу (менаџер за инвестиции) и неговата сопруга не можеле да се помират со тоа дека нивниот поглед кон Сан Франциско и мостот Голден Гејт бил попречуван од соседната куќа, заради што и ја демолирале.
Кога веќе ја срушиле, тие се потрудиле и да го разубават својот поглед засадувајќи дрва, трева и грмушки на нејзиното место.
Сега целиот соседен имот е припоен како двор на 19 милиони долари вредната куќа на Винслоу.
Инаку, куќата која во 2007-ма била купена за 7 милиони долари, Винслоу во 2008-ма успеале да ја купат за 4,2 милиони долари, откако била запленета заради хипотека.