Повторното "откривање" на Исламот, на Келкал му се случува во затвор под инспирација на алжирски исламисти, истите луѓе преку кои станува член на ГИА (Groupe Islamique Armé) џихадисти кои се борат против воениот режим во Алжир.
"Во Келкал, Франција и Европа можеби препознаа предзнак за она што ќе се случува, ран прототип на слаб и очаен маж, замаен од ултра-насилството и ветувањето за само-промоција што тоа го содржи, кои моментално го тероризираат континентот. Без разлика дали заради недостаток на способност за предвидување или фантазија, или заради ограниченоста на институционалната логика, или без никаква посебна причина, тие не успеваат во тоа, и Европа денес се наоѓа себе си и своите безбедносни сили преплавени од цела генерација на џихадисти од типот на Келкал.
Дури сега земјите на континентот почнуваат да ја сфаќаат идејата дека овие мажи, овие деликвенти - радикали, кои редовно се појавуваат меѓу илјадниците Европејци што одат на сирискиот џихад, во најдобар случај биле потценети, а во најлош создадени, не во мала мерка, од истите системи кои требаше да ја заштита Европа од тероризам," пишува Скот Сајаре во Атлантик.
Според поранешниот припадник на ЦИА, Глен Карл, уште пред една деценија САД и Европа почнуваат овие момци да ги нарекуваат "мали лузери". Терминот опфаќа локални насилници и ситни криминалци од најлошите европски населби, најчесто со потекло од муслимански семејства, кои имаат големо непознавање на исламот.
Изучувачот на Исламот, Оливер Рој, нив ги опишува како празни возила наполнети со пропаганда за џихад и поседнати од бездушност да делуваат во согласност со него. Истите овие мали лузери ги извршуваат:
- бомбашките напади во Мадрид во 2004-та
- убиството на филмаџијата Тео Ван Гог во 2004-та
- бомбашките напади во Лондон во 2005-та
- убиството на војници и Евреи во Тулуз и Монтобан во 2012-та
- убиствата во Еврејскиот музеј во Брисел во 2014-та
- нападите на Шарли Ебдо и кошер пазарот во Париз во 2015-та
- масакрот во Париз во 2015-та
- бомбашките напади во Брисел во март годинава
Карл објаснува дека последниве 15 години "класичниот профил" е младо момче регрутирано преку фудбал, буквално или метафорички, под притисок на "истакнат лик од нивниот социјален круг, кој ги инспирира да бидат повеќе од тоа што се." Карл го дава следниот пример:
"Мухамед, кој има репутација дека бил во Босна за време на војната, ти вели: 'ќе играш фудбал по цели викенди а после ќе дркаш секоја вечер, и тоа ќе ти биде животот?' Гледај што им се случува на твоите браќа насекаде низ свет, тоа е ужас. А ти можеш да бидеш маж, или можеш да бидеш губитник. А има шанси од тебе да стане маж."
Проблемот на Европа е што нејзините анти-терористички закони се испишани во 90-те и почетокот на 2000-те, и тоа за друг тип на џихадисти, кои најчесто се исполитизирани интелектуалци од странство, кои се далеку позадлабочени и врзани со одредена кауза. Како што Европа ја "неутрализира" оваа генерација на исламисти, тие почнуваат со нив да ги полнат европските затвори, посебно во Франција. Во тоа време воопшто не се ни размислува за овој ризик, па првичната логика на Французите е дека треба џихадистите да ги распоредат во што е можно повеќе затвори, со цел да се спречи нивна меѓусебна колаборација. Наспроти очекуваните резултати ова заврши со распространување на нивната мрежа низ сите француски затвори, во еден од нив по некое време почнува да доаѓа генерацијата на Келкал.