А карта е курва

Иако се точни, картите кои често ги гледаме во американското предизборие визуелно лажат. Наместо кубистичи потези, прецизните политички мапи имаат далиевска заобленост.

Подолу е картата која покажува како сојузните држави гласаа на минатите избори (за Меккејн се црвените, сините за Обама). Визуелно, од неа се добива впечаток дека Меккејн комотно победил. "Трикот" е во тоа што  исходот на изборите не зависи од големината на државата туку од нејзината специфична изборна тежина. Затоа овде Монтана визуелно "го надгласува" Масачусетс иако првата дава само три а вторатa држава девет тнр електорални гласови:

Доколку политичката картографија води сметка за овој факт, изборната мапа на САД од 2008-ма добива сосема поинаков облик (виолетовите се пола- пола):

Но и таа мапа се уште не дава прецизна слика за тоа кои држави се решавачки за изборите. Доколку се земе предвид каде одат силните милиони од двата изборни кампа, тогаш станува јасно дека за нив, во изборна смисла, постојат само 12 сојузни држави (и не е чудно што речиси сите се виолетови):

Може да се оди и чекор понатаму за да се види колку двата табора вбризгуваат пари од кампањи по глава на гласач, се добиваат следниве облаци:

Додаток: Демократите и Републиканците во Невада трошат речиси 6 долари по гласач. За глас во соседна Калифорнија даваат помалку од цент.

4 ноември 2012 - 06:48