Ни за Нова година, ни за викенд, жителите на Амстердам не го паузираа својот марш и судири со полицијата, по различни поводи сите сврзани со ковид-19.
Неколку илјади демонстранти излегоа на улиците на Амстердам како протест на владината одлука од 19 декември за ставање на целата држава под клуч до 14 јануари. Под „Б“ и под „В“ на протестот беа вакцини и ковид пропусниците.
Уште пред да се соберат демонстрантите, протестот беше забранет од тамошните власти, бидејќи актуелните ковид мерки во земјата не дозволуваат собирање на повеќе од 2 лица, заради што имаше распоредено бројни полициски сили.
Протестите најмалку беа со новогодишен дух: