Изборите во милијарди

Без конкуренција ова беа најскапите избори во историјата на САД. Ниту еден од двајцата кандидати не прифати финансирање од државата, заради што можеа да собираат пари од донатори и PAC (Political Action Committee). Собраа како никогаш досега.

4,2 милијарди долари
вкупната сума собрана до 4-ти ноември за изборите 2012-та, за кампањите за претседател, Сенат и Претставничкиот дом на САД.

6 милијарди долари
проценетата крајна вредност на изборите 2012-та.

3,8 милијарди долари
сумата што беше собрана на изборите 2008-ма.

931.471.420 долари
вкупната сума потрошена на кампањата на Обама до 17-ти октомври.

1.022.753.733 долари
вкупната сума потрошена на кампањата на Ромни до 17-ти октомври.

599
штабови на кампањата на Обама.

300
штабови на кампањата на Ромни.

1,1 милион
политички тв реклами пуштени од април. Од нив најголемиот дел во 9 сојузни држави

750 милиони долари
цената за да се емитуваат овие реклами.

100.674
реклами Обама пушти во Охајо.

41.162
реклами Ромни пушти во Охајо.

219.414
реклами беа пуштени во Охајо, броејќи ги и оние платени од групите надвор од кампањата.

51
пат Ромни го посети Охајо во 2012-та.

22
пати Обама го посети Охајо во 2012-та.

50,1
процент од гласовите во Охајо ги освои Обама, наспроти 48,2% на Ромни.

149
богати донатори кои дадоа најмалку по 500.000 долари или вкупно најмалку 290 милиони долари.

53,69 милиони долари
сумата (до сега избројана) донирана од казино магнатот од Лас Вегас, Шелдон Аделсон во неговата борба за пораз на Обама и другите демократи.

4,2 милиони
индивидуални донатори на кампањата на Обама.

2
држави го променија својот избор - Обама победи во Индијана и Северна Каролина во 2008-ма, а беше поразен во 2012-та.

240 - 190
поделбата на местата во Претставничкиот дом на САД пред изборите (во корист на Републиканците).

238 - 197
поделбата на местата во Претставничкиот дом на САД по изборите (во корист на Републиканците).

Споредба на цената на кампањите на Обама и Ромни со претходните избори:

7 ноември 2012 - 13:07