Во изминатите 6 недели по стартувањето на политиката за нула толерантност кон нелегалната миграција речиси 2.000 деца се разделени од нивните родители токму во овој објект во градот Мекален во Тексас.
За овој период низ американските медиуми се појавија најразлични вести за условите и случувањата во центарот, што е и главна причина за организирањето на посетата на Урсула. Поканетите новинари не смееле да фотографираат ниту да снимаат за време на турата, а сите материјали се испорачани од властите.
Центарот не е дело на Трамп, туку го наследува од претходните американски претседатели. Она што тој успева да го направи е да го актуелизира со помош на своите политики.
Приведените во центарот чекаат во посебни делови заградени со мрежа, и секој од нив добива место за спиење на под, душек и прекривка. Во случај детето да биде одделено од родителот, тоа треба да биде испратено во други институции управувани од американската влада. Иако сето ова треба да се заврши за 72 часа, заради гужва рокот често пати се надминува.