Објаснувањето на фирмата што го работи полигонот се сведува на „таа прва почна“, и дека нејзината слика била барана од рекорден број посетители.
„Метите овозможуваат одлични реакции и разговор, а и луѓето малку ќе се забавуваат. Метите не секогаш ги одразуваат личните мислења и ние не сакаме да прифатиме тероризам. Меѓутоа откако го гледавме интервјуто со Бегум, и немањето на емпатија што таа го покажа, одлучивме да ги послушаме нашите муштерии и да ја ставиме на метите,“ порачуваат од Ултимејт аирсофт стрелиштето.
За да не се паѓа во несвест околу целата работа, од Гардијан објаснуваат дека истото стрелиште на своите посетители им нуди да бираат и мети со други ликови како Тачер или Трамп.
Сега 19-годишната Бегум и две другарки во 2015 ја напуштаат Британија и му се приклучуваат на ИСИС, каде таа се мажи а подоцна и затруднува. Нејзината приказна се акутелизира кога сака да се врати во Британија, главно заради здравјето на своето неродено дете. Барањето за враќање британските власти решаваат да и го одбијат, Бегум моментално е во камп во Сирија, а по пат и ѝ го одземаат британското државјанство иако е родена во Лондон.