Уште од сега се знае дека компанијата ќе се изјасни како виновна за штетата што ја направи во Заливот, а за возврат ќе добие гаранција од министерството дека во иднина нема да биде гонета по ниту една основа во врска со инцидентот.
Од Бритиш петрол објавиле само дека се во преговори со САД, за разрешување на сите "основи по кои федералните власти на САД би можеле криминално да ги гонат."
Во оштетата што треба да ја плати компанијата ќе бидат опфатени сите федерални и приватни барања, како и барањата на сојузните држави, по основа на економска загуба, оштетување на околината и слично.
Eксплозијата на Deepwater Horizon:
- 11 загинати
- испуштени 779 милиони литри сурова нафта
- загадени 180.000 километри квадратни
Претходно, БП постигна спогодба за исплата на 7,9 милијарди долари на сопствениците на приватните компании чиј бизнис настрада од хаваријата на нафтената платформа.
До сега најголемата казна е 1,3 милијарди долари, што во 2009-та ја плати фармацевтската компанија Фајзер, заради лажно рекламирање.