„Каде да фрлите Молотов коктел. Водичот за украински волонтери во #Киев ги покажува слабите точки во рускиот оклоп, отворите за гледање и за воздух,“ ќе напише главниот уредник на Би-би-си за Блискиот исток, Џереми Бауен.
Освен споредбите од типот дали истите упатства ќе беа објавени во некои понови судири во Северна Ирска, на руските социјални мрежи прашањето е што ќе се случи кога не-Украинците ќе го прочитаат овој твит или сите репортажи од Украина во кои се зборува за правење Молотови коктели.
Најчестото потсетување до Бауен е што кога овие совети ќе стигнат до незадоволните муслимани бегалци во Лондон и истите ќе ги искористат против англиските безбедносни сили, „тогаш кој ќе биде виновен?“.
Осудата околу твитот е и за тоа што со вакви пораки се губи границата меѓу новинари и непријателски борци, што на крај може да биде погубно за бројни колеги на Бауен и да се користи како алиби.
Бауен моментално известува за Би-би-си директно од Украина.