Во средата за прв пат во историјата над половина од потрошувачката на електрична енергија во Британија беше снабдена од обновливи извори.
Зголеменото производство на електрична енергија од ветерните фарми во Британија на рекорден период ги симна цените на струјата во негатива (ситуација во која има сериозен вишок на електрична енергија и купувачите добиваат пари за потрошената струја). Во равенката треба да се има предвид дека Британија ја има најголемата ветерна фарма на светот и најголемите ветерни турбини.
Периодов слично беше и во Данска, каде вечерно време само од ветерна енергија беше произведено 137% повеќе струја од побарувачката. Данците ваквата ситуација со време ја имаат решено па вишокот им го продаваат на Холандија, Германија и Норвешка.
Севкупно 2% од вкупната електрична енергија на Европа во вторникот беше снабдена од крајбрежни ветерни платформи, што според експертите е сериозно големо количество.
Објаснување за една слична ситуација во Германија од пред некое време: