
Горната слика е истата што Романовскаја ја видела во понеделникот наутро: внимателно и детално издлабен пенис, тежок околу 90 килограми и врзан со синџир околу нејзиното БМВ 3.
"Конечно. Дојде денот кога мојата работа е забележана и признаена," напишала Романовскаја под сликата што ја објавила кај себе на Фејсбук.
Романовскаја со Арсениј Борбовскиј ја водат сатиричната Твитер сметка - @KermlinRussia. Нивните критики најчесто се политичка сатира и сеир за одлуките и постапките на руските власти.
Дента главен проблем им било да го натераат полицаецот што интервенирал, да престане да се смее и да го пополни извештајот. Исто им се случувало и со сведоците што требало да го потпишат извештајот.
За да го тргнат "подарокот" Катја и Арсениј морале да викнат пајак служба за да го крене пенисот.