1. За црнкињите, колку се ангажираат и дали постои страв дека ќе стане "црн стриптиз клуб"?
- Има непишано правило што го следам. Кога еднаш клубот ќе стане црнечки, нема враќање назад. Ние пуштаме доста рок и техно музика, и ангажираме само неколку црни девојки за да не ни се случи ова. Интересно е што дури и црнкињите кои ги имаме не сакаат кога ангажираме други црни девојки, а и црнците кои доаѓаат во нашиот клуб обично се средна или висока класа, и никогаш не би стапнале во "црнечки клуб."
2. За работното време.
- Официјално, вторник до сабота од 19 до 03 часот, ама не е чудно и да дојдам неколку часа порано или подоцна. Јас сум генерален менаџер и ова е нормално. Веројатно работам околу 45 до 50 часа неделно, што е ништо во споредба со мојата претходна работа, а заработувам значително многу повеќе.
3. Како се бираат девојките?
Тие аплицираат и ако изгледаат доволно добро тогаш првата вечер им е аудицијата. Ниту една девојка не е вработена кај нас, сите се без договор и на дневница.
4. Колку пати имал секс на работа?
Никогаш. Речиси секој ден ги одбивам... Тоа може да значи крај на кариерата. Менаџерите кои траат во оваа работа, не спијат со своите танчарки. Ретко со келнерките, ама никогаш со танчарките. Од ова може да излезе цел куп на проблеми, тие ќе им раскажат на сите, ќе ја изгубиш почитта, а тие ќе очекуваат специјален третман. Тие повеќе не работат за тебе, ти работиш за нив. Едноставно да ти одговорам на твоето прашање: Никогаш. Девојка ми дома е многу поубава од најголемиот дел од девојките, и нема ниту еден од нивните проблеми.
5. Што е најчудното што од него побарала некоја девојка?
Не сум сигурен. Ништо не ми текнува. Танчарка еднаш дојде целата во паника кажувајќи ми дека и го украле кесето со кокаин и сакаше да и помогнам да го најде. Не ми се веруваше и само чекав да и текне и да сфати дека бара од мене да и помогнам да најде дрога.
6. Колку пари се прават во клубот?
- Мојот клуб генерира милиони во приходи. Лично јас дома носам меѓу 68 и 73 илјади долари годишно. Имам неколку паметни танчарки кои заработуваат над 100.000 долари годишно, но најголемиот дел прават околу 40.000 долари.
7. Како е регулиран статусот на девојките и по која основа им се плаќа на нив?
- Во основа тие немаат плата и заработуваат од она што ќе им фрлат гостите. Танчарките плаќаат за да работат. Сфати ги клубот и обезбедувањето како макроа. Ние обезбедуваме заштита и безбедно место за работа, а тие ни даваат процент од тоа што го заработуваат.
8. Дали некој умрел во клубот?
- Ниту еден. Имаше едно убиство на паркингот.
9. Дали има грижа на совест околу тоа од што заработува?
Секој ден. Постојано се потсетувам дека ништо од тоа не е моја вина, и дека ако не кај мене, ќе работат за некој друг. По неколку месеци во индустријата не ги гледаш исто работите. Ќе видиш како лажат, мамат и крадат, и губиш дел од сожалувањето што го имаш. Немој погрешно да ме сфатиш, има некои добри девојки кои се одлични мајки и пристојни луѓе и тие прават најмногу пари, ама најголемиот дел од танчарките се "секс робот џанки" кој би го ограбиле и најдобриот пријател.
10. Секс со гости во ВИП собите?
- Многу ретко, а и кога се случува ова тие се во чудни и незгодни позиции, бидејќи се обидуваат да го скријат тоа. Имаме камери во ВИП собите и нив ги гледа обезбедувањето и ДиЏејот. Некои од нив може за добар бакшиш да замижат. Меѓутоа девојките обично ги договараат клиентите за после работа, и тие им плаќаат за друштвото. Тие го користат клубот само за да добијат нови клиенти.