Кини против Барнс. Небитен случај ама ваков: Барнс на два сајта напишал дека Кини се поврзува со некои коруптивни шеми, другиов бара од судијата да му нареди да престане да пишува за тоа.
Врховниот суд на Тексас го одбива барањето повикувајќи се на слободата на говорот и првиот амандман на американскиот устав.
"Првиот амандман е многу сомничав кон цензурата", напишала во одлуката судијката Берман потсетувајќи дека e тоа камен темелник кој којзнае колку пати е потврден од Сојузниот Врховен, судовите во Тексас па дури и од "популарната култура".
За последново, во одлуката е наведена и фуснота на која се повикува судијката а тоа е цитат од култниот филм Биг Лебовски, реплика на Валтер Собчак (Џон Гудман), кој збеснува кога шанкерката му предлага да намали тон или да го напушти семејниот ресторан.
"За твоја информација, Врховниот суд изричито ја одби цензурата! Тоа сите нè засега! Тоа се наши основни права!," вика Собчак, цитиран во фуснота на врховниот суд на Тексас.
Еве го тој дел од филмот кој стана дел од судска пресуда.