Trash Fashion Macedonia 2016

По шести пат оваа година Здружението на граѓани ОХО организира Trash Fashion Macedonia 2016, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Целта на Trash Fashion Macеdоnia е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.
Trash Fashion Macedonia е единствен настан од ваков вид во Македонија, за кој покрај македонските медиуми, објавуваат и повеќе светски медиуми како The Telegraph, Guardian, World Fashion и Gironalettisimo.

Оваа шеста година, за прв пат учениците своите креации ги работат на тема „Филмски и цртани ликови" со можност да се претстават со настап од најмногу 60 секунди.
Прво, второ и трето место годинава ќе додели тричленото жири во состав: Бранислава Јанковска Fashion Lover, Катарина Ивановска - светски познатата манекенка и Бојан Трајковски – фронтменот на Eye Cue.

За време на гласањето ќе настапат ученици на музичкото училиште Music House, a со своја танцова точка ќе ни се претстават членовите на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца.

Trash Fashion Macedonia 2016 ќе се одржи на 2 јуни 2016 од 17 ч. во МКЦ, по повод Светскиот ден на животната средина и на настанот ќе учествуваат тимови од 38 средни училишта во Македонија кои веќе четири месеци минуваат низ процесот на собирање, рециклирање и изработка на своите оригинални модни дизајни.

Со почит,
ОХО
Контакт лице, Јасмина Чашуле jasmina@oxo.org.mk 072 320 452

(комерцијална објава)

1 јуни 2016 - 10:39