Нови пакети производи од Охридска банка Сосиете Женерал

Намалени провизии и две бесплатни повлекувања на готовина од сите банкомати во земјата во секој пакет на Охридска банка Сосиете Женерал

Единствени по своите карактеристики на пазарот, новите пакети на Охридска банка Сосиете Женерал, овозможуваат со само еден надомест, клиентите да ги добијат по намалени провизии најповолните банкарски производи и услуги во шест различни пакети. Она што е заедничко за сите пакети и ги прави уникатни на пазарот е бесплатно користење во првите два месеци, и можноста за две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава, што значи дека сите банкомати во Македонија се на располагање за подигање готовина.

Пакетите Старт, Смарт, Супериор, Премиум, Респект и Кул се создадени според потребите на постоеките и новите клиенти на Банката. Секој пакет поединечно се однесува на конкретна целна група, во себе содржи различни производи и бенефиции, а со тоа и дава можност секој клиент да го одбере пакетот кој најмногу му одговара.

Старт пакетот е наменет за индивидуалци, кои користат основни производи на Банката. Надоместот од само 80 денари за овој пакет вклучува: трансакциска сметка, VISA Classic дебитна картичка, пристап до OBSGNet електронско банкарство, СМС известување, како и две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава.

Смарт пакетот е наменет за клиенти кои најчесто ги користат стандарните услуги на Банката. Надоместот од само 200 денари вклучува: трансакциска сметка, VISA Classic дебитна картичка, СМС известување и две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава. Дополнително, пакетот вклучува и кредитна картичка MasterCard Standard или VISA Classic, како и електронско или мобилно банкарство.

Супериор пакетот е наменет за клиенти со поголеми финансиски можности на кои им е потребно да заштедат време воедно користејќи повеќе услуги во еден пакет. Надоместот од 330 денари вклучува: трансакциска сметка, MasterCard Gold дебитна картичка, две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава, избор помеѓу електронско или мобилно банкарство, а се нуди избор и помеѓу VISA Gold и MasterCard Gold кредитните картички.

Премиум пакетот е наменет за клиенти со големи очекувања од Банката, кои сакаат се во еден пакет. Надоместот од 450 денари вклучува врвни банкарски производи: трансакциска сметка, MasterCard Gold дебитна картичка, две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава, СМС известување, електронско или мобилно банкарство, како и ексклузивна MasterCard PLATINUM кредитна картичка.

Респект пакетот е наменет за пензионери на кои им е важна сигурност и точна информација за своите средства во секој момент. Затоа овој пакет за надомест од само 55 денари вклучува СМС известување за сите трансакции, трансакциска сметка, две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава, како и Visa Classic дебитна картичка.

Кул пакетот е наменет за студенти и млади луѓе кои се во постојано движење и внимаваат на трошоците. Затоа, надоместот од 80 денари вклучува многу бенефиции по најниска цена и тоа: трансакциска сметка, Visa Classic дебитна картичка, СМС известување, две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава, како и мобилно банкарство.

„Ги спакувавме најповолните банкарски производи и услуги во шест различни пакети, креирани според специфичните и различни потреби на нашите клиенти, се со цел да им го олесниме секојдневното банкарско работење, а и да им понудиме повеќе придобивки, на едно место, за само еден надомест. Па така, со користење на еден од шесте пакети за физички лица, клиентите наместо да плаќаат повеќе одделни провизии за секој производ, со отворање на пакет ќе плаќаат само една збирна и значително пониска провизија, во однос на редовната цена на производите во пакетот. Можноста за бесплатни повлекувања на готовина од банкомати од други банки во земјата, како можноста за користење на пакетите бесплатно во првите два месеци е револуционерна на македонскиот пазар и сигурни сме дека ќе биде од огромно значење за сите наши постоечки и нови клиенти, од аспект на заштеда на време и заштеда на средства“, изјави Елена Глигоровска, Раководител на Дирекција за корисничко искуство, маркетинг и комуникации.

Повеќе информации за пакетите, клиентите можат да најдат на веб страницата на Охридска Банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.

(комерцијален текст)

10 јули 2017 - 11:48