НЕОТЕЛ со нова промотивна понуда за оптичките пакети

За многу помалку добиваш многу повеќе!

Телекомуникацискиот оператор „НЕОТЕЛ“, започна со едномесечна промоција со која на новите домашни корисници на оптичките пакети им овозможува да добијат двојно или тројно поголема брзина од пакетите што ќе ги изберат. Па, така, доколку новите корисници се одлучат за оптички пакет од 50 мегабити, во првата година од договорот ќе добијат брзина од 100 мегабити во секунда, а доколку одберат оптички пакет со брзина од 100 мегабити во секунда, во првата година од времетраењето на договорот ќе добијат трикратно поголема брзина, од 300 мегабити во секунда.

Промените на навиките на населението, од година во година наметнуваат сè поголема потреба за побрз интернет. НЕОТЕЛ, изминативе години интензивно инвестира во надградба и проширување на својата мрежа со цел да ги приближи најновите технологии за интернет- пристап до што повеќе корисници. Со оваа акција сакаме корисниците лично да се уверат во перформансите на пакетите со голема брзина и самите да ја увидат разликата, велат од НЕОТЕЛ.

Акцијата за оптичките пакети трае до 15ти април, а од компанијата најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со интензивно инвестирање и воведување нови технологоии, како и со проширување на мрежата.

За повеќе детали околу промоцијата проверете на следниот линк.

(комерцијален текст)

20 март 2018 - 08:28