Натпреварувачите на CodeFu по 11 пат ќе го решат невозможното

Повеќе од 120 студенти на додипломски и последипломски студии на факултетите во земјава викендов во Скопје по 11 пат ќе се натпреваруваат во решавање алгоритамски проблеми на познатиот натпревар CodeFu во организација на софтверската компанија Netcetera.

Годинешниов натпревар се одржува под слоганот „Реши го невозможното“, а студентите и последимпломците покажуваат голем интерес за учество. Притоа, најбројни меѓу пријавените се студентите од ФИНКИ и сродните факултети на останатите државни и приватните универзитети.       

Иако првиот организиран CodeFu натпревар датира уште од 2007, правилата секоја година се исти. Од вкупно пријавените, со принцип на елиминација во две рунди, остануваат само 32 натпреварувачи кои си ги одмеруваат силите во финалето. Покрај ранци, маички и слични подароци за сите учесници, победниците на натпреварот добиваат атрактивни награди како што е целосно платено патување во Цирих со цел посета на конференцијата Jazoon.

Големиот натпревар не е единствениот CodeFu настан во текот на годината. Тој со себе носи и четири сезонски натпревари, каде наградите за победниците се Samsung Galaxy таблети, како и повеќе Community натпревари каде натпреварувачите самите ги поставуваат задачите кои треба да се решат. Оваа година, за промоција на CodeFu, организацискиот тим со неколку олдтајмер автомобили ги посети студентите на ФИНКИ и ги информираше за натпреварот. Покрај промоциите во Скопје, се одржаа и промоции во неколку други градови низ земјата.

Денес завршува промоцијата за вториот квалификациски натпревар кој ќе се одржи во недела, на 14.05.2017.

. Пријавувањето е сѐ уште отворено, па оние кои не се пријавле имаат шанса да го сторат тоа. Финалето на CodeFu ќе се одржи на 11.06.2017.

За повеќе информации, правилата на учество и сѐ друго во врска со натпреварот посетете ја интернет страницата на CodeFu (http://codefu.mk/).

(комерцијален текст)

10 мај 2017 - 15:19