Станува збор за 18-годишната девојка што на Инстаграм се води како @Arii, која во пост, што сега е веќе избришан, опишува како е разочарана од целата работа и како слабата продажба “и го скршило срцето“, и заради тоа и нејзината соработка со компанијата е ставена под знак прашање.
Во постот детално ги опишува сите маки што ги минала („ангажирав фотограф и шминка, и со авион ги донесов на снимањето“), и признава дека била свесна дека продажбата ќе и оди многу тешко затоа што таа (како инфлуенсер со 2,6 милиони луѓе) станала „супер нерелевантна“.
Таа не заборава да им спомне и на своите пријатели дека таа кога требала им се нашла во живот („кога на нив им требаше да им ја промовирам музиката“), а сега тие ја разочарале и не ја поддржале.