Минатиот месец Вестагер објави дека Гугл за недозволеното промовирање на сопствените сервиси за сметка на конкурентските ќе биде казнет со 2,42 милијарди евра. Гугл има рок од 90 дена да го смени своето однесување, или во спротивно казната ќе расте по 14 милиони евра на ден.
Процесот на ЕУ против Гугл почнува есента 2014.
Од разговорот:
- Зошто го правиш ова (не само за Гугл, туку и за претходните анти-монополски одлуки на ЕУ против Епл, Фејсбук и други)?
- За мене нема разлика меѓу тоа што го правам службено и она во што верувам. И за мене тоа значи правење разлика. За кога сум на пазар да не чувствувам дека ме измамиле, дека тајно ги договориле цените, дека го поделиле пазарот меѓу себе. Ако се чувствувам дека имам контрола на пазарот, јас ќе се чувствувам и попријатно во моето општество како такво. И мислам дека тоа е потребно.