Преземете 50 евра за тргување овде
Пред неколку недели бевме сведоци на јакиот напад на цената на акциите на Yahoo! до кој дојде поради гласините дека не е потполно сигурно дека spin-off акцијата на Alibaba ќе биде изведена . Според коментарите на IRS, даночната управа на американската влада, може да се каже дека даночниците не го сметаа овој потег на Yahoo забавен и дека сепак ќе бараат плаќање на даноците . Доволно е да се каже дека tax-free spin-off делата на Алибаба која е во сопственост на Yahoo! ,а е во вредност од 40 милјарди долари , еден од најголемите деловни потези кој оваа компанија планира да ги направи. Целокупното работење на Yahoo! е под знак прашалник откако пазарот со внимание ги прати напорите на CEO Marisse Mayer дека целата оваа приказна ќе ја доведе напат кој ќе има позитивен исход за Yahoo!.
'Основните факти во ситуацијата помеѓу Alibaba и Yahoo на јавноста и се добро познати. Yahoo поседува акции на Alibaba во вредност од околу 40 милијарди долари. За сега акциите се чуваат настрана затоа што без обзир на нивната номинална вредност, оној момент кога тие ќе се активираат нивната вредност нема да биде 40 туку 24 милијарди долари поради данокот. Доколку Yahoo! ги продаде акциите на Alibaba, данокот кој ќе мора да го плати е $16 милијарди, што првобитните 40 ги спушта на $24 милијарди. Доколку акциите бидат предадени на акционерите, Yahoo! исто така мора да плати данок од $16 милијардиi. Единствено решение е акциите да се предадат на акционерите додека се сеуште не активни. Начин на кој тоа може да се оствари е spin-off, односно да се формира независна инвестициона компанија('SpinCo') во чија сопственост ќе бидат акциите на Alibaba' , велат од FXLider.
'Како ќе биде оваа нова компанија без другиот базен бизнис за кој мора да води грижа, како што е тоа случајот со Yahoo!, таа би можела лесно да биде купена од страна на некоја друга компанија, на пример самата Alibaba, како би се избегнало плаќање на овој енормен данок. Меѓутоа тоа е се уште во сферата на шпекулациите. Моменталната ситуација е таква да Yahoo! се обидува да најде најдобар начин да го оствари овој spin-off при што и не крие дека основна цел е заштеда од $16 милијарди, на сметка на даноци, а во целиот процес се консултира со IRS', велат од FXLider.
Меѓутоа, како стојат моментално работите, помалку веројатно е дека Министерството за финансии како и Даночната управа на САД ќе го одбрат овој spin-off. Еден од официјалните лица на IRS изјави дека оваа институција планира да го промени законот за spin-off и данок. Покрај тоа, исто така рече дека се планира привремена суспензија на сите процеси од овој тип додека подобро не се испита случајот.
После овие коментари на IRS, цената на акцијата на Yahoo! падна под $40, меѓутоа после тоа се корегира и искачи над $43. Иако цената на акцијата не успеа повторно да се врати над $44 каде што беше пред овие вести, сепак успеа да го надополни поголемиот дел од претходнота загуба. Цената на акцијата моментално се движи околу $40.5.
Преземете 50 евра за тргување овде
Аналитичарите од големите инвестициски банки како што е UBS застанаа на страната на Yahoo! после контраверзните вести, каде што го потврдија својот поранешен став по прашањето за рејтингот на компанијата, и очекуваат раст на акцијата на $59.
FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.
Покрај долунаведеното одрекување од одговорноста, овој материјал не претставува понуда , или барање за извршување на трансакции за било кој финансиски инструмент. Друштвото Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да се состои од овие коментари или за последиците кои произлегуваат од нив. Не се даваат никакви изјави ниту гаранција за точност и потполност на информациите. Следствено на тоа секое лице постапува во таа смисла во потполност на свој ризик. Секое обезбедено истражување, не зема во предвид специфични инвестициски цели, финансиски ситуации и потреби на одредена особа која може истите да ги прими. Ова не е составено во склоп на законските барања, осмислен да промовира како такво независност на инвестициското истражување.
(комерцијален текст)