Новиот сопственик е IntercontinentalExchange (ICE) кои минатата година заедно со Nasdaq OMX Group се обидоа да ја купат њујоршката берза, меѓутоа не им беше дозволено од властите кои стравуваа дека на крај една компанија може да заврши како сопственик на NYSE и Nasdaq, двете најголеми берзи.
Седиштето на новиот сопственик е во Атланта, што според многумина значи дека во идните десетина години би можело да се пресели и седиштето на њујоршката берза. Ова и не е толку неверојатно ако се земе во предвид дека најголемиот дел од трговијата што минува низ NYSE се прави по електронски пат.
Кога сме кај берзите, неодамна Блумберг ја прогласи македонската берза за шеста најлоша берза на светот.