Дивидендата што Онлифанс му ја има исплатено на сопственикот Леонид Радвински за 2022 е 338 милиони долари, со што основачот на платформата во изминатите три години има заработено 889 милиони долари.
Сајтот заработува процент од парите на неговите креатори/ки кои задржуваат 80% од сите пари што преку Онлифанс ќе им легнат на сметка, а останатите 20% ги плаќаат за најразличните сервиси што тој им ги обезбедува од платформа, сервер и интернет, до процесирање на наплата.
Онлифанс денес има 3,2 милиони регистрирани креатори. Пред една година беа 2,1 милион. Бројот на регистрирани „фанови“, луѓето кои плаќаат претплати и дополнителни услуги, изнесува 239 милиони. Во 2021 беа 188 милиони.
Вкупните приходи на компанијата изнесуваат 1,1 милијарда долари. Во 2021 сумата била 932 милиони.
Онлифанс има вкупно 53 вработени.