Причина за ова е што претседателот на компанијата и главен акционер е Парк Вон-хо, кој е пак татко на Парк Јае-санг, кој вие го знаете на PSY (Gangam Style). Само заради ова неочекувано голем број на локални препродавачи решија да купуваат исклучиво од производите на DI, што ја крена цената на акциите на компанијата.
Работата е што акциите на компаниите во Јужна Кореја редовно растат заради најразлични поп-моменти во тамошното општество. Тоа беше и случајот со акциите на компанијата Болак кои пораснаа од 2 на 9 илјади вони, кога ќерката на основачот стана невеста на семејството што е сопственик на LG.
Слично се случува и кога некој сопственик на компанија ќе влезе во политиката. Така по политичкиот успех на Ан Чул-со, акциите на неговата компанија пораснаа од 20.000 на 167.200 вони. Но кога во септември тој објави дека ќе се кандидира за претседател, акциите почнаа да паѓаат, за денес да вредат околу 80.000 вони.