Германија до сега учествуваше со околу 90 милијарди евра во помошта за Грција, па должникот дури и да не успее да ги врати парите Германците пак ќе бидат во ќар, пресметал германскиот ИВХ институт.
Според извештајот секој пат кога годинава имало радикализирање на грчката должничка криза, кога се зголемила веројатноста за грчкиот излез од еврото, паѓале приходите од обврзниците на германската влада. Кога ситуацијата се стабилизирала и кога имало добри вести, растеле приходите од германските обврзници.
Дури и ако ситуацијата одеднаш се стабилизира, Германија и понатаму може да очекува да профитира од состојбата, бидејќи германските обврзници на среден и долг рок издадени во последниве години се уште се далеку од доспевање.