Рангирањето го први Интербренд и ова е прв пат во неговата 14-годишна историја Кока кола да не биде број еден.
Базирано на нивната процена вредноста на брендот Епл во последната година пораснал за цели 30% и сега вреди 98,3 милијарди долари.
Падот на Кока кола е уште поголем ако се знае дека таа со вредност од 79,2 милијарди долари е на трето место, бидејќи на второто се наоѓа Гугл со 93,2 милијарди долари.
Инаку, во основа топ 10-те се составени од истите брендови како во 2012-та, со таа разлика што ИБМ падна од трето на четврто место, а Самсунг му го зема 8-то место на Интел (кој сега е 9-ти).