Елон Маск ја има веројатно најдобрата недела во животот

Во рок од неколку дена Маск излезе позитивен на ковид-19, ама умерено, па потоа неговата компанија Спејсекс успешно лансираше ракета во вселената со 4 астронаути, и за крај стана 15 милијарди долари побогат во само еден ден.

Во понеделникот беше објавено дека компанијата Тесла влегува во С&П 500, индексот на 500-те најголеми компании на американските берзи и веројатно најважниот индикатор за општата состојба на американската економија.

Ваквата чест кај Маск се одрази со скок на богатството за 15 милијарди долари.

Тесла денот на берза го затвори со цена од 408,09 долари по акција што раст за околу 14%, а ова ја крена нето вредноста на Маск на 117,5 милијарди долари.

Само годинава богатството на Маск порасна за 90 милијарди долари, што е најголемиот скок меѓу 500-те најбогати луѓе на светот.

Местото во С&П 500 клубот, Тесла ќе го добие на 21 декември, и тогаш ќе биде најголемиот нов член во историјата.

Во неделата Спејсекс успешно одвезе астронаути до Меѓународната вселенска станица, што е прв пат по долги години американски астронаути да се „возат“ на американска ракета. Ова е снимка од лансирањето:

 

17 ноември 2020 - 08:58