Бројката е извадена од задолжителниот извештај што Епл мора да го поднесе до комисијата за контрола на берзанските компании.
Извештајот го вади сајтот Patently Apple, а во него стои: "Ова сума претставува: 1. Придонесите на компанијата кон 401(к) планот на г-дин Кук во износ од 15.600 долари; 2. Премија на животно осигурување платена од компанијата во износ од 2.520 долари; 3. готовина за на одмор во износ од 56.923 долари; и 4. трошоци за обезбедување во износ од 699.133 долари."
Во извештајот нема детали околу обезбедувањето на Кук и што се' влегува во сумата, меѓутоа се наведува дека "компанијата смета дека безбедносните мерки се разумен и неопходен трошок за добробит на компанијата."
Според Форбс најскапо обезбедување меѓу технолошките гиганти има Џеф Безос, првиот човек на Амазон, кој годишно по оваа основа плаќа 1,6 милиони долари. На Лари Елисон, Оракл годишно троши 1,5 милиони долари за обезбедување.