Таг: златан ибрахимовиќ

Гол на Вијареџо Куп во стилот на Ибра и Роналдо

„Кунг фу“ потегот кој повеќе пати сме го виделе во изведба на Ибрахимовиќ и Роналдо, му успеа на 18 годишниот фудбалер на Фиорентина, Симоне Минели. Се случи на младинскиот турнир во Вијареџо на мечот Фиорентина - Специја, каде беше откриен талентот на Горан Пандев, кога настапи со Беласица пред околу 15 години.

Икарди не следи Серија А, а Ибрахимовиќ ќе стои место Ајфеловата кула

Втор дел на највпечатливите изјави на неделата кои Газета дело Спорт повторно ги собра на купче. За издвојување е интервјуто на напаѓачот на Интер, како и изјавата на првиот човек на Сампдорија кој со бројките од формацијата на Михајловиќ уплаќал лото.

Ибрахимовиќ е шеф, Инзаги е остарен, а Галијани не го разбира Милан

Меси се кае за финалето на Светското, Рафа Бенитез се навраќа на проблемите во Интер, а Берлускони се прави тренер. Газета дело Спорт ги собра најинтересни изјави од изминатите седум дена.

Манирот на Златан Ибрахимовиќ

ПСЖ во петокот го победи Рен 1:0 и му се приближи на лидерот Лион на само два бода. По средбата Ибрахимовиќ во свој стил си поигруваше со еден од присутните новинари.

Како тоа не го знаеш Златан Ибрахимовиќ?

Со голот на Ибракадабра од пенал, ПСЖ го победи Сент Етјен на гости и остана на 4 бодови зад лидерот Лион. За време на дуелот, Швеѓанецот играше мајтап со противничкиот фудбалер Пол Баис или поточно „Јас тебе прв пат те гледам, а ти мене мора да ме знаеш“.

Агентот на Ибра кандидат за прв човек на ФИФА

Блатер сака да прави журка во туѓа куќа, да наплаќа влезници и да не му даде ништо на газдата, вели менаџерот на Балотели и Ибрахимовиќ.

Златан бесен што не е најдобар спортист во Шведска

На изборот за најдобар спортист во историјата на скандинавската земја според весникот Дагенс Нихетер (Денешен весник) победи Бјорн Борг, петкратниот шампион на Вимблдон, а зад него е корпулентниот Ибрахимовиќ. За Бјорг, Златан е поголем од ИКЕА.

Златан плаќа 30.000 евра месечна кирија

Минатата година изјави дека ако не најде соодветен дом ќе купи хотел. Mесецов драмата заврши со стан од 30.000 евра месечно.

Фудбалери што играа и за Милан и за Интер

Од Џузепе Меаца до Марио Балотели, долга е листата на фудбалери што го носеле дресот и на двата милански клуба. Некои преоѓаа директно, а некои доаѓаа од друг клуб и освојуваа трофеи со двете екипи. Од 2001. година, Андреа Пирло е најголемата болка на Масимо Морати, но и на Адриано Галијани. Derby della Madonnina се игра во недела од 20:45.

Ибракадабра си игра со терапевтот

Освен со соиграчите, Златан Ибрахимовиќ игра мајтап и со стручниот штаб на ПСЖ. Швеѓанецот денес по деветти пат по ред беше избран за најдобар фудбалер на неговата земја.

Ибракадабра има 23 трофеи во 5 земји, но нема пехар од ЛШ

Фудбалерот кој се споредува со Мухамед Али во претходните 13 години неуспешно се обидуваше да ја освои Лигата на шампиони. Денес слави 33 години како капитен на Пари Сен Жермен. Има уште фора.

Од архивата на Ибра

Шведскиот голгетер малерозно ја почна новата сезона во француското првенство. Во прво коло даде два гола, но промаши пенал со кој ПСЖ ќе победеше. Изминатиов викенд на средбата против Бастија го повреди мускулот во пределот кај ребрата и ќе мора да отсуствува еден месец. Да го поздравиме со ремек делово.

Кога парите се поважни од верноста кон клубот

Френк Лампард си замина од Премиер лигата како легенда на Челси каде одигра 13 сезони. Но до американската авантура која поради паузата во МЛС лигата ќе му почне наредната година, скршна по друг пат кој го врати на островот во тимот на Манчестер Сити. За такви случаи навивачите не простуваат.

Само Златан не порасна за Светско

Веќе играше на два Мундијали (2002 и 2006), но од оваа славна детска дружина која се очекува да гази летово во Бразил, само него нема да го гледаме.

Проектилот на Ибра

ПСЖ уште на полувреме има водство на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0:3, а Златан Ибрахимовиќ постигна два погодоци од кои вториот со вистински топовски удар за кинење на мрежи.

Голчишта на денот

Не еден, тука два гола ја одбележаа минатата фудбалска ноќ во Европа.

Ибрахимовиќ, мејд ин Свиден

Волво прави реклама за XC-70 автомобилот, на која главна тема е "Произведено во Шведска." Соодветно на ова главен лик во рекламата е Златан Ибрахимовиќ, роден Швеѓанец, од Малме.

Ето најдобро знае што значи средба со својот идол

Најславниот камерунски фудбалер во светот е одличен пример од кој треба да учи Ибрахимовиќ. И тој некогаш имал свој омилен играч за кој дремел по цели денови пред стадион за да го види во живо и сега тоа го враќа со дупла мера.

Убаво е да си соиграч на Златан

Освен тоа што повремено може да добијат ќотек, соиграчите на Златан Ибрахимовиќ може некогаш да добијат и некој подарок. Швеѓанецот на своите колеги од ПСЖ им поделил по еден Xbox со неговиот потпис и нивното име и број.

Мудростите на Златан

Ибрахимовиќ еден од фудбалерите кои најмногу ќе ни недостигаат на Светското првенство следната година, не само заради головите, туку и заради неговите познати изјави кои нема да ги читаме за време на Мундијалот.

Кристијано Vs. Златан: Оригиналот

Баражите за пласман на СП во Бразил ќе ни донесат одлични фудбалски пресметки, но и еден индивидуален его дуел: Кристијано против Златан. Вакви дуели имало и претходно, па дури и еден организиран од Ерик Кантона пред тој да почне да глуми во порно филмови.

Меси, Ибра и Роналдо се подобри пеналџии од Балотели

Изведувањето на пенали не е само шутирање со „пуна" каде ти дојде. Тоа е уметност за која фудбалерот треба да поседува вештини. Некои играчи се имаат усовршено во ова, но спротивно од општото мислење, Балотели не е најдобар пеналџија во последно време.