На кардиналните грешки на делителите на правдата изгледа дека им нема крај. Откако судиската четворка УЕФА пред неколку години ја засили со уште двајца арбитри, и тоа не помогна. Евидентните погрешни судиски одлуки честопати директно влијаат на конечниот резултат на мечот.
Статистиката поврзана со реализацијата на напаѓачите во однос на головите постигнати на целиот тим покажува занимливи резултати. Познатите фудбалски имиња во голем број од екипите постигнуваат речиси половина од вкупниот број на голови на целиот тим.
Еден шеговит навивач на ПСЖ веднаш по потпишувањето на Златан Ибрахимовиќ со неговиот омилен клуб го регистрирал доменот Zlatan.fr и сега го уценува шведскиот фудбалер, но не за пари. Тој има посебни барања од Златан за да му го предаде доменот.
Златан Ибрахимовиќ не само што „гази" во француското првенство со 17 гола на 14 натпревари, тој гази и во вистинска смисла на зборот. Негова последна жртва беше Хрватот Дејан Ловрен на дербито против Лион кој ПСЖ го доби со 1:0.
Додаваме уште еден предлог на нашата листа за новогодишни подароци. Тоа е џемперот инспириран од Златан Ибрахимовиќ кој го изработи една американска уметничка за нејзината изложба во Малме. Сигурно добро ќе му стои на „другар му" Гвардиола.
Познатиот шпански весник Marca на својата вебстрана направи анкета на која над 66.000 посетители гласаа во изборот за најдобри ножички во историјата на фудбалот.
Шведска ја совлада Англија со 4:2, а стрелец на сите четири гола за домаќините беше Златан Ибрахимовиќ, но последниот негов гол беше неверојатен погодок со ножички од преку 30 метри.
Светската криза ги заобиколи Арапите. Катарците кои минатата година го купија ПСЖ не штедат пари за да привлечат големи фудбалски имиња, па така само за платите на стартниот состав ќе трошат по 58 милиони евра годишно.
Како воопшто челниците на Милан помислија да ги продадат Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва во ПСЖ? Милан на терен ќе загуби многу повеќе од она што ќе го добие во банка. Ретко кој пар фудбалери има толкаво влијание во било кој клуб во Европа.