Таг: вештачка интелигенција

Политичарите нема да ја средат корупцијата

Идејата дека чесни политичари ќе дојдат на власт и ќе ја решат корупцијата е толку стара што е  бајата. Таквите политики често завршуваат како фатете-го-лоповот пресметки со политичките противници. Во Бразил група ентузијасти состави софтвер кој ги мониторира трошоците на членови на нивниот парламент (патни трошоци, репрезентација и сл) и автоматски ја пресметува веројатноста дека лажат.

Суперкомпјутерот нè прочита како селски буквар

DeepMind, суперкомпјутерот на Гугл успеа да го совлада и надмине знаењето и искуството во една игра кое човештвото го кумулираше цели 3.000 години. За тоа му беа потребни само 40 дена. 

Маск бара забрана на роботите убијци

Технологијата сама по себе е неутрална но некогаш треба да се повлече линија. Со робот, на пример, тешко е људски да се разбереш, особено ако има пушка во рака и е програмиран да ги потепа сите кои сакаат да се разберат со него.

Кога робот ќе биде добитник на Струшкиот венец?

Дали машина која (засега) не е способна за емоционални доживувања може да напише поезија која ја трогнува душата? Морничаво е да се признае, ама изгледа дека е доста блиску.

Нè очекува нерамноправност каква што човештвото не памeти

Многу генерации пораснаа на надежта дека глобализацијата ќе го распрска економскиот просперитет и демократски слободи низ светот па луѓето во Египет, Индија или Македонија ќе уживаат во истите придобивки и шанси како оние во Шведска или Канада. Денес се чини дека тоа ветување беше лажно. А допрва следи сериозна поделба на човештвото на само две класи, мала група супер-луѓе и огромна маса некорисна раја.

Луѓето или ќе се спојат со машините или ќе станат нерелевантни

Опасноста за човештвото доаѓа од вештачката интелигенција, ама не во форма на Терминатор, туку во неупотребливоста на човекот наспроти капацитетите на вештачката интелигенција заради што ќе мора да размислуваме за спојување со нејзе.

Се создава класа од бескорисни луѓе

Во иднина луѓето ќе пијат апови кои ги прават среќни и на глава ќе носат кациги за виртуелна реалност. Што е, нели, многу различно од денешниот модел кога по цел ден висат на Фејсбук и се палат на чудотворни лекови кои лечат и од смрт.

Ќе се кандидира ли робот за претседател на САД во 2020?

Човек предизвика на политичка дебата компјутер кој веќе има победувано луѓе на други полиња. Компјутерот го одби предизвикот бидејќи во моментов има попаметна работа отколку да дебатира.

Веш машина на иднината

Глен Рајд шест години има работено за Стив Џобс. Сега е сам и планира за машините за перење да го направи она што Тесла го направи за автомобилите.

Maшината што го анализира тонот на напишаното

Уште не ни се верува дека ќе може да ги дофати сите „помеѓу редови" нијанси и повеќекратни значења за кои некои од нас се способни, но IBM тврди дека една нивна програма би можела да ве спаси од тоа да бидете погрешно сфатени, или од тоа да промашите важен подтекст на она што вам ви го порачале.

Роботот чиј муабет ќе ве замисли

Робот на Гугл знае смислено да комуницира со луѓе откако прочитал милиони филмски сценарија од кои учел за теми како што е смислата на животот и моралноста. Ќе ви ја пренесеме конверзацијата која е импресивна, забавна и помалку вознемирувачка.

Еx Machina (2015)

Тешко е да се гледа научна-фантастика во која речиси совршени човечки „репликанти" се обидуваат да ја преземат контролата, без асоцијации на Блејд Ранер, и чувство дека сè по него е во сенка на неговата визуелна и визионерска моќ. Па сепак, Ex Machina е повеќе од дистописки спектакл во кој главен лик е згодна и (вештачки) интелигентна жена, какви што се изнагледавме во последно време.

Софтверот кој тепа игрици подобро од вас

Неколку редови компјутерски алгоритам можат да научат да играат 49 различни аркадни игри, вклучувајќи класици од 70-тите како Pong или Space Invaders. Во над половина од нив, компјутерот станува толку вешт што победува професионален човечки противник.

Kомпјутер, колку човечки тоа звучи

Постои еден паметно составен тест кој служи човек да препознае дека разговара со компјутер иако тој му се претставува како човек. Не се случило компјутер да го помине тој тест. Досега.

На праг сме да ја направиме најголемата грешка во историјата

Оние кои стравуваат дека човештвото ќе се уништи од сопствената технологија отсега имаат влијателен сојузник во ковањето апокалиптични сценарија. Не нуклеарната технологија ниту пак клонирањето. Стивен Хокинг проценува дека фатална за нас може да биде вештачката интелигенција.