Таг: турски фудбал

Најубавата промоција на дрес доаѓа од турско село

Секое лето клубовите ја претставуваат новата опрема за новата сезона. Често тоа го прават со фотосесија од фудбалерите или со некаква друга акција. Tурскиот Трабзонспор се реши за нешто сосема поинаку.

Епскиот пречек на ново засилување - Дариус Васел во Анкара

Во јули 2009 година англискиот центарфор Дариус Васел од Манчестер Сити премина во турскиот клуб Анкарагучу. Дојде како реномиран шпиц кој игра за репрезентација. А кутриот претходно не гледал на Јутјуб како на аеродром се пречекуваат засилувања во турските клубови. Пребледе.

Промашувањето на сезоната бидна во Турција

За време на мечот Јени Малатјаспор - Аланјаспор, Абубакар Камара, шпицот позајмен од Фулам во Малатјаспор при резултат 1-0 ја сруши физиката и сите нејзини закони. Гостите брзо потоа израмнија на 1-1.

Играч во Турција им се соблече на противнички навивачи

Турското фудбалско подземје дефинитивно го презема приматот за најлуд околу-фудбал во Европа. На меч меѓу Шанлиурфа Генчлербирлиги и Сиверек Беледјеспор, домашниот играч Махмут Топрак кој игра бек, ја извадил и покажал машкоста пред гостинските навивачи кои сакале да се пресметаат со него. Мечот бил решавачки за титула во петтата турска лига и завршил 0-0 по што гостите ја сочувале предноста од 1 бод.

Фудбалер од турска трета лига со жилет ги сечел противниците

Варварски потег за кој нема место ниту во војна, а не на фудбалски терен меѓу два клуба кои играат пред илјадници гледачи. Што требало, да убие некој?

Сте го виделе ли Кепа во Турција ама со среќен крај?

На мечот Генчлербирлиги - Ризеспор се случил исто голем циркус како со голманот на Челси. Камерунскиот шпиц Леонард Квеуке влегол во жестока караница со тренерот Караман околу изведувачот на пеналот. Квеуке решава да шутира и израмнува на 2-2, ѓаволски го пцуе тренерот, а после во 92’ минута носи победа од 2-3 со еврогол и се расплакува.

Ферски потег на Арда Туран, призна дека била од него

Башакшехир успешно ја продолжи трката за титулата во Турција откако на гости ја совлада Анталијаспор со 0-1. Интересно, во 18' минута од мечот бекот на домаќините Назим Сангаре изби една топка од Арда Туран во аут, ама судијата досуди аут за гостите. Тогаш на сцена стапи некогашниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Барселона.

Просто неверојатни работи се случуваат во Фенербахче

Пучисти, шпиони, поделби, раздор. Трофејниот гигант од Истанбул никако да застане на нозе, а највиновни за тоа се неколку „кртици“ кои работеле да го вратат стариот тренер Коџаман и го „бушеле“ секој нов тренер на клупата.

Турска работа

Си биле еден турски трагичар и еден турски херој. Замислете ваква глупост да направеше некој на Бока - Ривер. Ниту ќе заспиеше, ниту ќе го оставеа да заспие. Абе два на еден бевте ало, а голманот беше само гледач.

Најјаките моменти од дербито на Истанбул

Пред околу 50.000 гледачи Фенербахче и Бешикташ одиграа 1-1. Гостите поведоа со прекрасниот гол на Рајан Бабел во 39’ минута а Фенер израмни со идентично убав гол на Андре Ају со глава во 71’ минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 56’ минута.

Турскиот фудбал го стегна каишот и веќе не купува суперѕвезди

Пред пет дена во Турција заврши најбедниот преоден рок во последните 11 години. Клубовите потрошиле вкупно 49 милиони што беше „мачкина кашлица“ во изминатите сезони - лани потрошија 110 милиони, а 10 години по ред потрошените пари за трансфери не оделе под 60 милиони евра.

Навивач на Фенер немал пари за дрес, направил од кеса - клубот го поканил кај нив

Турците се познати фудбалски фанатици. Еден навивач на Фенер не можел да собере пари за новиот дрес па решил да направи од сино-жолти кеси. Клубот експресно реагирал и го поканил за да му подари нов дрес.

Во гол директно мајсторе, пробај

Селчук Инан е капитен на Галатасарај и турски репрезентативец. На еден домашен меч навивачите му довикуваат од трибините додека се спрема да изведе корнер, и тој ги послушал.

Турски к`смет на денот

Бешикташ - Самсунспор, 1995-та година. Овде не знае човек што е почудно: Голманската среќа, звукот од стативата или второто промашување?

УЕФА го казни Бешикташ зошто мачка се појави на сред терен

Никој не знаел од каде влегла и истрчала баш на теренот додека Бешикташ и Баерн Минхен играа во нокаут фазата од Лига на шампиони.

Талентот кој ја извади сезоната на Рома, молзел крави за да успее

Еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, Џенгиз Ундер кариерата ја почнал во најдобрата фудбалска академија во Турција каде ги учат децата да садат зеленчиук и овошје, да жнеат, да берат, и да одгледуваат домашни животни.

До утре биди Арда Туран, казна од 16 меча не ти бега

Некогаш беше најомилен турски фудбалер, капитен и десетка на Галатасарај, капитен на репрезентацијата, ама после оваа глупост што ја направи репутацијата му падна на дно.

Најинтересни моменти во европскиот фудбал викендов

Во случај да сте пропуштиле дел од случувањата низ Европа викендов, имаше некои моменти кои се вредни спомен.

Казнет Турчин изнајмил кран за да гледа фудбал од надвор

Навивач на Денизлиспор кој бил суспендиран 12 месеци од фудбалските стадиони, решил да најми кран за да го гледа неговиот клуб кој славеше со 5:0 против последниот Газиантепспор.

Фудбалер на Бешикташ би можел да заврши во затвор поради жолт картон

Во прв момент жолтиот картон кој го добил и кратката полемика со судиите изгледала како и секоја друга на фудбалски натпревар. Но не било баш така.

Бешикташ сними реклама од хаштаг - ја гледале 9 милиони луѓе

Турските навивачи важат за едни од најфанатичните на свет. Не се случило нов играч или тренер да дојде во нивен клуб а да не го пречекаат еуфорично уште на аеродром. На Диего Коста му оставиле милион коментари на Фејсбук.

Едно обично фудбалско гостување во Турција

Навивачите на Елазигспор гостуваат некаде во земјата, а еден од нив е спремен како Вајат Ерп.

Општ хаос на турското дерби и три црвени картони

Бешикташ и Фенербахче играа во неделата првенствен дуел кој заврши 3-1 за домаќинот, а синоќа одиграа 2-2 во турскиот Куп. На мечот имаше 9 жолти и три црвени картони. Кварежма покажа зошто важи за најбезобразниот фудбалер во турската лига а и пошироко. Нашиот Ељиф Елмас од клупата го гледаше целиот циркус.