Играч во Турција им се соблече на противнички навивачи

Турското фудбалско подземје дефинитивно го презема приматот за најлуд околу-фудбал во Европа. На меч меѓу Шанлиурфа Генчлербирлиги и Сиверек Беледјеспор, домашниот играч Махмут Топрак кој игра бек, ја извадил и покажал машкоста пред гостинските навивачи кои сакале да се пресметаат со него. Мечот бил решавачки за титула во петтата турска лига и завршил 0-0 по што гостите ја сочувале предноста од 1 бод.

Турската фудбалска федерација отворила истрага за случајот и се очекува Махмут Топрак да биде казнет за глупоста. 

20 март 2019 - 11:02