Составот на Фенербахче изгледа силно: Шкртел, Солдадо, Валбуена, Андре Ајо, Мехмет Топал, Слимани, Нојштедер. Но сезонава на трофејниот Фенер не му се плаши никој.
Екипата тоне сè подлабоко. Во моментов е на претпоследно место во турската Супер лига (само 3 победи на 15 меча) а клубот го потресе и внатрешен скандал.
***
Изминатото лето Фенербахче доби нов претседател - Али Коч, еден од шефовите на семејниот конгломерат Koç Holding и еден од најбогатите бизнисмени во цела Турција.
Koç Holding ги држи 5-те најголеми компании во земјата од областа на енергетиката, држи банки и автомобилска индустрија.
Коч во трката за прв човек на гигантот го победи Азиз Јилдирим кој со Фенербахче управуваше 20 години. Првиот потег на Коч беше смена на тренерот Ајкут Коџаман на чие место дојде Филип Коку.
Коџаман важи за легенда на клубот (како играч во Фенер има 215 меча, 140 гола, две титули и признание најдобар стрелец во историјата на лигата). Тој го преброди и тешкото испаѓање од Вардар во плејофот за Лига Европа пред две сезони.
Но Коч останал само на оваа смена. Под изговор дека клубот ќе има финансиски лимит, Али Коч во стручниот штаб ги оставил сите помошници на Коџаман. Коку не можел да донесе свои луѓе и работел со стариот персонал.
Работите не тргнале на добро.
Веќе после 7. коло во кое Фенербахче со 3:0 изгуби од Ризеспор на гости, претседателот излегол да им се извини на навивачите. Во толпата народ тој рекол: „Во право сте, треба да се срамиме за ова што се случува. Ќе работиме напорно.“
Ali Koç, taraftarlardan özür diledi: Ne deseniz haklısınız, size karşı mahçubuz https://t.co/VeVSstz1Qr pic.twitter.com/X2fplxSBTz
— Sputnik Türkiye (@sputnik_TR) September 30, 2018
Но навивачите не дочекале утеха: после пар недели Коч се појавил на клупската телевизија и раскажал дека против него и тренерот Коку има прогон:
Според претседателот, во клубот имало внатрешни проблеми кои ги направиле помошниците од времето на Коџаман кои останале со Коку: аналитичарот Тургај Алтај, тренерот на голманите Мурат Озтурк и кондициониот тренер Алпер Аши.
Тие намерно на противниците им издавале информации за состојбата на играчите на Фенер и тактиката. А Коч кажал дека Озтурк и Аши уште и намерно ги оптоварувале играчите после тешките натпревари:
„Тоа придонесе за повреди и на другите. Играчите се жалеле дека немаат веќе сили, исцрпени се, но тренерите ништо не му кажувале на Коку и се правеле дека се е во ред“, рекол Коч.
Притоа Алтај, Аши и Озтурк ја земале базата на податоци од играчите од минатата сезона.
„Тоа е многу важна статистика и база на податоци. На Коку му беше тешко да се ориентира, затоа што не можел да ги спореди показателите на играчите од лани и сезонава. Тоа е промислена шпионажа“, додал претседателот.
И не застанале тука. Дури и на поранешниот тренер Коџаман му пренесувале информации за тренинзите и методите на Коку. А овој на противниците им давал информации.
„Сите наши работи завршуваа на трета страна, дури и видеозаписите“, отворено раскажал богатитот газда на клубт.
Помошниците никако не го прифаќале холандскиот тренер. Кулминацијата дошла пред дербито со Бешикташ. Коку влегол во соблекувална после последниот тренинг и видел простран килим. „Зошто е ова тука?“, прашал, а Тургај Алтај му рекол: „Денес ќе изгубиме и кариерата ќе ти биде погребана во овој килим. И ќе се вратиш назад во Холандија“.
Дербито завршило 1:1.
Против мирољубивиот Холанѓанец кој се прослави како фудбалер на Барселона и тренер на ПСВ Ајндховен не се бунтувале само тренерите. Голманот Волкан Демирел (бранеше за репрезентацијата на Турција на Европското 2008) јавно ја критикувал екипата во медиумите и најмногу ги кривел фудбалерите од среден ред Набил Дирар и Атиф Шаешуе.
Претседателот Коч рекол дека голманот Демирел отворено покажал непочит кон тренерот на заедничките ручеци.
НА КОГО МУ ТРЕБАЛО СЕВО ОВА?
Целата саботажа е лесно објаснива: да се врати Коџаман во клубот а со него и стариот претседател Азиз Јилдирим. Бандата работела активно но во октомври дознале дека Коку ќе го замени братот на Роналд Куман - Ервин Куман.
Планот им пропаднал.
Коку не бил ни прв ни последен тренер кој буквално бил набркан од соработниците. Пред пет години кога извесен Ерсун Јанал го заменил Коџаман, после неколку месеци само се спакувал и рекол дека заминува поради „несогласување со управата“.
Необично, и тогаш тренер на голманите бил Озтурк. Актуелниот претседател Али Коч ги избркал шпионите и оние кои злобно внесуваат раздор во екипата а голманот Демирел и неговата банда ги вратил во резервниот тим.
„Сакав да го задржам Волкан. Он е голем најголемиот играч кој настапува за клубот од 2002 година. Го запознав кога имаше 19-20 години. Тој е татко и семеен човек. Бев кум на неговата свадба. Одлуката да го дистанцирам ми беше тешка, но не можев поинаку да постапам“, искрено признал Али Коч.
****
На крајот од октомври, наместо Коку кој на заминувањето кажал дека се вљубил во Истанбул, екипата ја презеде Ервин Куман. Но тимот играше уште поочајно: после 5 меча во лигата имаа само една победа и гостински пораз од Спартак Трнава во Лига Европа.
Ервин Куман по телефон дознал дека е избркан, кога екипата се вратила од Словачка.
Но една недела пред да го отпуштат се случил чуден настан. Тренерот Ервин Куман решил по тешкиот пораз од 3:0 против Акхисар, екипата назад да се враќа со автобус а не со авион. Патот траел цели 5 часа.
На 14 декември Фенербахче назначи нов тренер - дури трет сезонава. Екипата ќе ја води Ерсун Јанал, кој како и Коку го окрка гневот на луѓето на Коџаман пред 5 години.
Јанал делувал оптимистички настроен: уште во време на преговорите со газдите на Фенер, група навивачи му ја видела колата пред хотелот и му ја испрскала со боја.
🚗 Ersun Yanal ile görüşme yapıldığını öğrenen birkaç Fenerbahçe taraftarı, plaza önünde bulunan Ersun Yanal'ın arabasının kirli olduğunu görünce arabayı yıkadı. pic.twitter.com/oom54cMKYb
— Krampon Sports (@KramponSport) December 5, 2018
На Јанал ќе му биде тешко да ја крене екипата после сите овие потреси и скандали. Но Јанал има на располагање добри играчи и поддршка од управата што е важен фактор.