Таг: тотенхем

Луд пресврт на Вембли, Јувентус е во четвртфинале

Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.

Пипита постигна два најбрзи гола во историјата на ЛШ

Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.

Тотенхем му извади реми на Јуве, Базел џабе ќе оди на реванш

По двомесечна пауза, осминафиналната фаза во Лигата на шампионите стартуваше со два ефикасни меча на кои имаше по 4 голови. Хари Кејн и Ериксен му одговорија на двојниот стрелец Игуаин кој можеше да запише хет-трик уште во прво полувреме ако не промашеше пенал.

Коментар на денот за брзиот гол на Тотенхем против Манчестер

Кристијан Ериксен за само 11 секунди го совлада Манчестер Јунајтед. Од тоа произлезе еден од најинспиративните коментари на кој човек добива болка од смеа на јаболчниците.

На кој начин падна третиот најбрз гол во историјата на Премиер

Го даде Кристијан Ериксен синоќа на големото дерби Тотенхем - Манчестер Јунајтед за 1:0, уште во 11-та секунда. Тоа е трет најбрз гол на сите времиња во Премиер лигата, а најбрз гол сезонава.

Лондонско дерби со две ремек дела и фото на годината

Фудбалерите на Тотенхем и Вест Хем одиграа здодевен натпревар на кој скоро пола стадион беше празен, а до 70-та минута мрежите мируваа. Потоа паднаа два проектили кои ќе конкурираат за гол на сезоната во Премиер лига

Резервниот голман на Тотенхем има компјутерска играчница во подрум

Популарниот Јутјуб канал за фудбал Copa90 (1,8 милиони следбеници) бил на гости кај Мишел Ворм, резервниот голман на премиерлигашот Тотенхем.

Извлечена ждрепката - Јуве во Лондон, Реал во Париз

Уште пред да почне ждрепката, извесно беше дека ќе гледаме мега-дуели на најдобрите европски екипи во моментов.

Ливерпул му даде седум гола на Спартак, голеада ширум Европа

Завесата во групната фаза од Лига на шампиони се спушти на неверојатен начин откако на 7 меча паднаа дури 33 гола. На „Енфилд“ Ливерпул оствари историска победа од 7-0 против Спартак Москва. Реал со 3-2 го совлада Дортмунд, а Севиља ремизираше 1-1 со Марибор.

Колку пари чини да гледаш фудбал низ Европа?

Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.

Му ја навредуваа жената, па им спакува гол

Навивачите на Тотенхем ги бие глас дека се склони на проблеми, а синоќа на гостувањето кај Лестер во еден момент скандираа "She's getting fucked in the jungle" алудирајќи на сопругата на Џејми Варди, Ребека (35) која што учествува во едно реално шоу In The Jungle. Секунди потоа Варди го отвори резултатот кој на крај гласеше 2:1 за домаќинот.

Ако се прашувате зошто Тотенхем даде еден гол помалку од Лестер

И според табела и според квалитет и според коефициент, Тотенхем синоќа беше фаворит на гостувањето против Лестер, ама кога Кејн, Ериксен, Деле Али и компанија редат вакви утки во шеснаесетник, тогаш нека не ве чуди поразот од 2:1.

Тренерот кој пази дури и на омекнувачот за перење во машина

На крајот од октомври излезе книгата на најпознатиот светски спортски новинар Гилјем Балаге со наслов „Brave New World: Inside Pochettino's Spurs"- поточно, дневник на Маурисио Почетино во сезоната 2016/2017.

Најскромната ѕвезда што се вози со градски превоз ја однесе својата земја на Светско

Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.

Касемиро каде ти е компасот?

Фудбалерите на Реал Мадрид ја изгубија рамнотежата на синоќешниот дуел со Тотехнем, ама Касемиро најмногу. На никој не му беше јасно на Вембли што сакаше да направи фудбалерот на Реал Мадрид. Веројатно само да исценира прекршок.

Тотенхем поведе против Реал со гол од офсајд

Со голот на Деле Али во 27-та минута, фудбалерите на Тотенхем имаат водство од 1:0 против Реал Мадрид во првиот дел. Но европскиот првак е оштетен поради очигледна грешка на линискиот судија, кој не го подигна знаменцето кога Трипие му асистираше на стрелецот на голот.

Најголемиот идиот меѓу англиските навивачи

Колку треба да си малоумоен или направен тиква за да се измочаш во чаша и да ја фрлиш во публика? Одговор на тоа треба да го даде овој навивач на Тотенхем кој ги гаѓаше навивачите на Вест Хем.

Занимливости од животот на најдобриот англиски центарфор

Од пред некое време ја носи капитенската лента на англиската репрезентација и на Светското ќе предводи млад и амбициозен состав. Каков бил фудбалскиот пат на Хари Кејн?

Кипарските Грци бараа од Англичаните да ги вратат скулптурите

Навивачите на редовниот учесник на европските натпреварувања АПОЕЛ од Никозија ги изненадиле гостинските навивачи од Лондон на мечот против Тотенхем синоќа.

Зошто за Тотенхем се вели дека е еврејски клуб

Постои мит дека Тотенхем е основан од Евреи но историјата вели поинаку. Отпорот против нацизмот кој се родил меѓу навивачите на овој клуб и нивното заедништво ги поврзува со еврејската заедница.

Двата најлуди гола викендов

Андре Алмеида од Бенфика на мечот против Портимоненсе постигна гол кој веројатно ќе конкурира за наградата „Ференц Пушкаш“. Слична чудесија од гол даде и Хари Кејн против Евертон попладнево.

„Каква Лига на шампиони - денес таму се Гент и ПСВ, дојдете кај нас“

Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.

Цукерберг запнал да го купи Тотенхем

Основачот и прв човек на Фејсбук, милијардерот Марк Цукерберг ќе биде шеф на конзорциум на американски инвеститори кои се спремни да ги купат "Мамузите".

Како Лука Модриќ стана државен непријател број 2?

Десетката на најдобриот клуб во Европа во моментов, Лука Модриќ е почитуван насекаде во светот, само не во својата татковина каде го навредуваат и исвиркуваат. Зошто?