Таг: стадион

Казнети затоа што го сакаат фудбалот

Од крајност во крајност е состојбата на стадионите во Нигерија и Македонија. Кај нас доаѓаат 200 луѓе од кои 100 пцујат, 50 грицкаат семки, а 50 само чекаат кога ќе примиме гол затоа што ја играле во кладилница. Во Нигерија друга слика. Таму на мечот против Египет во март на стадион со капацитет од 16.000 дошле околу 40.000. Безбедноста намалена, ризикот голем колку и љубовта кон репрезентацијата.

Барса го откри новиот изглед на Камп Ноу

Победничкиот проект на Никен Секеи и тандемот Пасквал-Аусио за новиот изглед на Камп Ноу беше претставен денес на стадионот на Барселона.

Стадионот каде Вучиниќ почна со фудбал се руши од ветер

Фк Сутјеска остана без една од трибините која не е во употреба, а среќа што падна доцна навечер кога нема деца во школото кое се наоѓа зад неа.

Немој да нудиш брак за време на натпревар

Мажите неретко се одлучуваат да клекнат на колена на сред паркет или на фудбалски терен и да ѝ понудат брак на девојката. Не сите обиди се успешни, затоа што има девојки што гласно рекоа НЕ.

Стадионот со кој си поигра кумот

Стадионите Џузепе Меаца и Сантијано Бернабеу се крстени по легендите на Интер и Реал, а Арсенал игра на Емирати поради спонзорскиот договор кој го направи со авионската компанија. Исто постапи и еден шкотски второлигаш, но и не е баш исто.

Од дом за бездомници до реновиран стадион

Навивачите и поранешниот капитен на клубот од вториот град по големина во Чешка се обединија во реновирање на стариот стадион кој ги памети славните денови на Збројовка Брно.

Манчестер Јунајтед најмногу ги трие рацете од карти

Посетеноста на стадионите во Англија е силна страна кај клубовите кои по секоја сезона вадат големи приходи. Ќе ги издвоиме шесте екипи кои изминатава сезона заработија најмногу пари од продажбата на билетите.

Рома го претстави новиот Колосеум

Делегација на Рома утрово му го доставила проектот за новиот стадион на градоначалникот на Рим, Игнацио Марино кој изјави дека стадионот е од јавен интерес за цела Италија. Според Тоти тоа ќе биде модерен Колосеум и најубав стадион во Италија.

Рома го претстави новиот Колосеум

Делегацијата на Рома му го доставила проектот за новиот стадион на градоначалникот на Рома. Според Тоти тоа ќе биде модерен Колосеум и најубав стадион во Италија.

Чудни фудбалски терени

Не знаеме колку е верна приказната за игралиште во Кратовско, каде теренот бил толку кривоаголен што кога напаѓачите ќе ја загубеле топката пред противничкиот гол, му викале на својот голман „Идат“! Но знаеме за терен со големо дрво на средина во Бразил и страшно крив терен во Германија.

Стадионот на Бурса е во облик на крокодил

Турскиот прволигаш Бурсаспор носи прекар „Зелени Крокодили“. Кога дојде време да градат нов стадион се решија за облик на гигантски крокодил.

Новиот стадион на Милан

Желбата на Лејди Би, ќерката на Силвио Берлускони и потпретседател на Милан почнува да се остварува. Италијанскиот клуб ќе добие ултра модерен стадион, помал од сегашниот. Според планот, капацитетот ќе му биде 48.000 гледачи (Меаца собира 80.000). Изградбата треба да биде готова до сезоната 2018-2019.

И Белгијците имале како нашите стадиони

Запуштена трева на трибина веднаш не асоцира на стадионите низ Македонија. Приказната со овој стадион е поинаква и до некаде е оправдано што изгледа вака. Се работи за стадионот Бурафус кој има капацитет од 11.000 седишта и се наоѓа на само неколку стотици метри до стадионот на Стандард.

11 пронајдени бомби на стадион каде ќе се игра СП 2018

„Арена Победа“ се наоѓа во Волгоград, а таму се воделе најголемите борби помеѓу Германските нацисти и Советскиот Сојуз кон крајот на 1942 година.

Вселенскиот стадион на Олимпик Марсеј

Стариот лик на легендарниот „Велодром" ќе остане само на фотографиите, затоа што во Марсеј се спрема „спејс шатл" за потребите на ЕВРО 2016.

Се сруши цела трибина на стадион во Индија

Ужасни сцени ни пристигнуваат од Индија. Се сруши цела трибина на фудбалско игралиште.

Новиот дом на Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објави дека клубот е во преговори за продажба на името на стадионот Сантјаго Бернабеу кој наскоро треба да добие и нов изглед. Ова се предложените опции:

Трансформација на стадион

Вработените на „Оукленд колосеум“ имаа тешка задача да трамсформираат цел стадион од бејзбол во рагби стадион за само 20 часа. Еве како тоа изгледа во две минути.

Трибина на стадионот на Дерби ќе носи име на економ

По примерот на англискиот клуб Дерби, за педесетина години трибината на стадионот во Автокоманда би го носела името на Елвис (Џемо) - економот на Работнички, Вардар и Металург.

Неиспукани куршуми стопираа изградба на стадион

Навивачите на американскиот фудбалски клуб Сан Хозе ќе почекаат уште малку за да му се израдуваат на новиот стадион затоа што работниците кои го градат новиот најдоа неискористена муниција од Втората Светска војна.

Комшилакот на Енфилд

Во 90-те години од минатиот век, фудбалскиот клуб Ливерпул започна да ги купува куќите од околината на Енфилд со план за проширување на нивниот стадион, но 20 години подоцна, таму ништо не е сменето и сега околните улици наликуваат како таму да застанало времето.

Викенд на Вембли

Овој викенд стадионот Вембли во Лондон беше домаќин на двата полуфинални натпревари од англискиот ФА куп. Виган - Милвол и Манчестер Сити - Челси се одиграа во рок од 24 часа, а како овој период изгледа за 2 минути можете да погледнете на следното видео.