Англискиот фудбалски клуб Дерби Каунти ќе му оддаде чест на човекот со најдолг стаж во клубот на тој начин што една трибина од нивниот стадион Прајд Парк ќе го носи неговото име.
Гордон Гатри е 82-годишен економ кој во Дерби Каунти има стаж од 60 години. Во клубот започнал како фудбалер во резервниот тим, а по завршувањето на кариерата тој има работено на секоја можна позиција - од физиотерапевт до тренер.
Во Дерби Каунти бил уште во времето кога тренер бил таткото на актуелниот менаџер, а се грижел за опремата на фудбалерите и во славната ера на клубот кога Дерби беше шампион на Англија во 1972. и 1975. година.
Во знак за благодарност, фудбалскиот клуб Дерби Каунти одби финансиски договор од заинтересиран спонзор кој сакаше да ја прекрсти трибината и таа во иднина ќе го носи името Гордон Гатри.