Таг: Србија

Без петки во школо нема играње баскет

Кошаркарскиот клуб Сава од Белград ги откажа сите натпревари од наредното коло во кадетскиот и јуниорскиот тим, затоа што сметаат дека училишниот успех на крајот од годината е многу поважен од спортските активности на децата.

Билети за Хрватска – Србија ниту за лек

Квалификацискиот натпревар помеѓу двата големи ривали од нашата група предизвика вистински хаос на продажните места во неколку хрватски градови. Хрватските навивачи спиеа на температури под нулата, само за да бидат дел од големата битка на 22 март на „Максимир".

Климент и Наум од Хрватска

На патот Мостар-Сплит, кај местото Кочерин, на основното училиште се појавија кирилични букви, со висина од 1,4 метри, длабоко изрезбани во ѕидот. Србите веднаш кренаа паника - Хрватите сакаат да им ја земат кирилицата! Нас за среќа никој не нè спомнува.

Им одѕвони на телефонските квизови

На наместени телевизиски и радио квизови (од типот погоди не знам што) само во изминативе 9 месеци во Србија оштетени се над 163.000 лица за сума од околу 32 милиони евра.

Музички кодирани говори

Драган Чалина, млад српски џез пијанист, преслушувајќи ги говорите на локалните политичари, почнал да си ги „преведува" во музика. После ова секој говор на Бранко ќе ви звучи ко концерт на Телониус Монк.

Пратеничко столче на раздорот

Уште не собран, српскиот парламент е на раб да биде блокиран заради тоа што пратениците не можат да се договорат кој каде да седи.

Кога политичарите се пипкаат

Владимир Арсенијевиќ за еволутивно разбирливиот феномен на гушкање, потчукнување и друг вид телесно општење, но во рамки на една специфична човечка заедница - српски политичари. Кога е веќе зоологија во прашање, ако теоријата држи за српските, нема причина истата да не важи и за македонските, или за кои било други политичари.

Церадата е спуштена

Популарниот сајт за размена на книги Бане Превоз е затворен по акција на српската полиција! Еве како изгледа соопштението до јавноста со сув, строг и книжевно крајно неинтересен речник. Ќе побараат и они некоја книга да прочитаат, ај ти, па ќе молат да им дадеме од оние што веќе ги симнавме.

Србија до Азербејџан

Германскиот дневен весник Тагесцајтунг објави текст на српскиот писател Владимир Арсенијевиќ воочи претстојната Евровизија под наслов „Галаксија на еврокичот".