Голот на Маркос Рохо не предизвика земјотрес само во Буеноес Аирес и цела Аргентина, туку и во една друга земја која славеше исто или бетер од Аргентина. Што нема да види човек за време на едно Светско првенство.
Вечерва се игра големото дерби од првата фаза, Англија - Белгија кое ќе го одлучи победникот во групата Г. Попладнево Јапонија, Сенегал и Колумбија играат за пласман понатаму.
Ги гледаш последните 20 резултати на Швајцарија и се чудиш. Гледаш каде се наоѓаат на ранг листа и пак се чудиш, мислиш Шпанија е ова. Ние во една цела година имавме само еден пораз (од Шпанија), ама они во две.
Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.
Ти си Мексиканец, директорот ти е Кореец и после тоа што им го направија Корејците на Германците на Светско, ич не ти чуе дали ќе касниш на работа или ќе се појавиш во одело или дрес. Ела директоре ваму. Ти си наша икона.
Лев веќе неколку години не ја освежи репрезентацијата. Германија освои злато на Европските првенства до 21 и до 17 години, но ниту еден член на тие талентирани генерации не доби шанса да ги смени индиспонираните Озил, Кедира, Милер и Марио Гомез.
Бранителот на титулата се падна во една од најлесните можни групи на ова Светско првенство со Мексико, Шведска и Јужна Кореја и успеа да ја победи само Шведска и тоа едвај со гол во 95-та минута. Сите нивните мајстории може да ги видите во видео од 11 секунди.
Победата на Јужна Кореја над Светскиот првак Германија ќе се памети како едно од најголемите изненадувања во историјата на Мундијалите. На тоа лудуваа од радост Мексиканците бидејќи ако тепаа Германците, ќе испаднеа. За прославата да биде уште полуда и незаборавна им падна Кореец в раце пред стадион.
Тоа дека Нејмар не може да биде најдобар играч во светот поради тоа што постојат Меси и Роналдо не е точно, бидејќи тој со ваков однос кон фудбалот нема да биде број 1 и кога овие двајцава ќе се пензионираат. Затоа се овие монтажи.
Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.
Во последното коло од групата Ф се случи најголемиот шок на Светското. Актуелниот светски шампион Германија изгуби од Кореја со голови примени во судиското продолжение а кога во Казан Мексиканците кои губеа од Шведска 0:3 ја слушнаа веста, паднаа во еуфорија.
27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.
Сампаоли е единствениот селектор на Светското кој се откажа од својата првобитна формација а и целосно изгуби контрола над репрезентацијата, па Аргентина може и без него на клупата.
Диего сме го гледале во разни варијанти. И поднапиен и спремен да се тепа со новинари и со фоторепортери, ама како вчера не сме го виделе. За тоа е крив човекот што го „тресел“ на врата.
Колку треба да си без осет за да се грабаш по дрес преку ред во кој неместени беа мајка со 16 деца. Плус да си од Перу, а дресот беше наменет за едно од децата Австралијци, од страна на ветеранот на Австралија Тим Кејхил. Ќе го шитнеше во прва прилика ако го здиплеше.
Диего Армандо Марадона, да бидеме реални, на моменти не знаеше на која планета се наоѓа за време на мечот меѓу Аргентина и Нигерија, така што соопштениево е малку како да ви кажеме...
Најладната и најдалечната партија славје синоќа се случи на Антартикот. Метереолошката служба на Аргентина сподели видео од научници и истражувачки кои го слават пласманот на Аргентина во нокаут фаза на -4. Ма браво. Не за џабе рекле дека Светското првенство е планетарен собир.
Новинарот: По првиот натпревар ви дадов амајлија што ми ја даде жена ми, не знам дали ја фрливте или...? Меси му ја покажува дека ја носел во нога, новинарот воодушевен, се врти накај камера и не може да поверува.
По сите перипетии и слаба и безлична игра во првите две кола, селекцијата на Аргентина конечно најде начин да заличи на нешто и со една победа да замине во осминафинале. Репрезентативците се пресреќни што го избегнаа најнепосакуваното сценарио и тоа го прославија со песна.
Кога за 90 и кусур минути во жустро интересен меч камерите те даваат само тебе тогаш мора да си Диего Армандо. Правеше циркус цел меч, а на крајот веќе избезумен не знаеше кај се наоѓа.