Делириумот за Аргентина во Бангладеш

Голот на Маркос Рохо не предизвика земјотрес само во Буеноес Аирес и цела Аргентина, туку и во една друга земја која славеше исто или бетер од Аргентина. Што нема да види човек за време на едно Светско првенство.

Победата на Аргентина над Нигерија и пласманот во осминафинале се славеше по улици, канцеларии, јавен превоз, потоа во Барселона и Буенос Аирес, па дури и на Антартикот, ама кој да знае дека истото се случувало и во Бангладеш.

Човек да ги гледа овие слики и да не знае каде е и што се случува, ќе помисли дека ова е Аргентина која слави светска титула.

28 јуни 2018 - 13:55