Таг: сп русија 2018

Син му на Ловрен е цар

Се слуша дека уште не знае правилно да ги изговара зборовите, ама битно е тип топ спремен за гледање со дрес и ја знае цела прва постава на Хрватска. Одиме:

Русинот што ја научил својата мачка да вика „гол“

Додека сите им викаат на своите мачки „мјау“, овој цар за време на Светското фудбалско првенство ја научил својата мачка да биде во склад со Мундијалот.

Хрватска е во четвртфинале, Субашиќ полуд од Шмајхел

По нерешени 1:1 после 120 минути игра, репрезентацијата на Хрватска ја победи Данска на пенали и сега во четвртфиналето во Сочи ги чека домаќинот Русија.

Херојот Акинфеев ја испрати досадната Шпанија дома

Иако важеше за голем фаворит, селекцијата на Шпанија доминираше со играта, но од многу пимплање на топката одигра само 1:1 против домаќинот, а потоа загуби на пенали 4:3. Легендата на ЦСКА им ги фати ударите на Коке и Аспас.

На Роналдо и Меси им преостанува да се поздрават на аеродром

По елиминацијата на Аргентина, втората репрезентација која ги завршува настапите во нокаут фазата на Мундијалот е актуелниот првак на Европа, Португалија. Роналдо и Меси си заминуваат од Русија, а Франција и Уругвај остануваат за да се пробаат во четвртфинале.

Брутално јак трол за Меси

По денешната елиминација на Аргентина и сите тие перипетии и муабети за тоа кој уствари го водеше тимот на ова Светско, Гери Линекер се отвори на Твитер до даска.

Јунакот на Франција го донира хонорарот од Светско за деца со посебни потреби

Килијан Мбапе е главна ѕвезда на Светското првенство откако денес одигра маестрална партија и беше избран за играч на мечот против Аргентина. Но има уште еден прекрасен факт за него.

Реакцијата на француските коментатори за евроголот на Павар

„Пред една година никој во Франција не ме знаеше, а сега го живеам сонот“, изјави младиот 22-годишен десен бек на Штутгарт Бенжамин Павар чиј еврогол ја најави големата победа на Франција. Луда реакција имаа коментаторите на француската државна телевизија:

Мбапе ја разби Аргентина, седмица во Казан

Во најлудиот меч од досегашниот тек на Светското, Франција се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот откако со 4:3 ја совлада Аргентина која имаше водство од 1:2.

На Маноло му забраниле да влезе на „Лужники“ со тапанот, па ФИФА реагирала

Најлегендарниот навивач на светот кој ја бодрел Шпанија на седум Европски и десет Светски првенства, се расплакал што Русите му забраниле да влегува на трибини со својот сопатник, тапанот, па ФИФА морала да реагира.

Рекордни бројки од Мундијалот: Една селекција не прими гол, се досудија 20 пенали

48 натпревари кои ги одиграа 32 селекции на Светското ги одредија учесниците во осминафиналето. Не очекуваат уште интересни дуели и одговор на прашањето дали ќе гледаме средба меѓу Меси и Роналдо (ако Аргентина и Португалија ги поминат Франција и Уругвај).

До таму ли стигнавме Јапонец да задржува време?

Во последните 10-15 минути од мечот Јапонија - Полска 0:1, Јапонците иако губеа, имаа пласман во следна фаза затоа што Сенегал кој губеше од Колумбија исто 0:1, полошо стоеше на фер-плеј табелата (имаа 6 жолти картони, а Јапонија 4), па „самураите“ си подаваа на средина од терен да не случајно направат жолт картон.

Корејците на пречек дома ги гаѓале со јајца и перници

Цел свет им аплаудираше за историската победа против светскиот шампион Германија, само дома на пречекот по враќањето од Светско, „навивачите“ им биле кивни поради поразите од Мексико и Шведска.

Неприкосновениот Бразил скоро 40 години владее во групна фаза

Бразилците не блеснаа до сега на Мундијалот, ама вака така го освоија првото место во групата, а тоа го прават во страшно долга низа од 10 пати по ред.

На Колумбиецот кој доби црвен му се заканувале дека ќе заврши како Ескобар

Мечот против Сенегал кој Колумбија го доби со 1:0 беше најголем испит во кариерата на 32-годишниот Карлос Санчез кој игра во шпански Еспањол. Неколку дена претходно се соочувал со закани по живот од малоумници на социјалните мрежи.

Кој со кого вкрстува со пополнет ексел

По 15 преубави дена фудбал во кои видовме 48 средби со доста ефикасна реализација од 122 голови или 2,5 по натпревар (0:0 беше само Данска - Франција), денеска ги одмораме очите од телевизор и сумираме да видиме што не чека понатаму.

Баба му се гледала со Фергусон а тој заигра за Ливерпул

Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.

Ќе фали Ивана во нокаут фаза

Селекцијата на Хрватска обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот, ама за жал таму ќе патува без својот најубав навивачки декор. Поранешната мисица на Хрватска, Ивана Кнол се враќа дома по завршувањето на групната фаза. Останува да се поздравите со неа.

Германците може да се спасат за само 3 евра

По пауза од 1954-та година, Германците не успеаа да ја минат групната фаза, а тоа е рамно на трагедија за нив. 

Како стативата му врати на Батчуаи

Белгискиот центарфор доби шанса да игра цел натпревар додека Лукаку одмораше на клупата. Во еден момент како да се потскара со стативата која знаеше да му врати

Јанузај со еврогол ја прати Англија на Колумбија

Со натпреварите од групата Г заврши првата фаза од Светското. Белгија славеше и ќе оди на Јапонија а потоа, ако победи, на победникот од мечот Мексико - Бразил. Англија против Колумбија која веројатно ќе биде без Хамес Родригез.

Што ти е Светско, Јапонија со пораз оди во осминафинале

Стоперот на Барселона, Јери Мина ја однесе Колумбија во нокаут фазата и го исфрли Сенегал, а Полска непотребно ја победи Јапонија, само колку да им наштети на тие што ја бркаа на спортска, која ете не мораше да се мачи да брка ниту бод.

Најгрубиот фаул врз Нејмар на ова Светско

Ако некој не ги следел настапите на Нејмар во групната фаза, нема потреба да се поти да бара репризи или клипови по нетов. Тука е сè спакувано во едно.