Момците на Драган Стојковиќ Пикси одбработија одлична и доста ефикасна последна контролка пред Светското во Катар на која го совладаа Бахреин со 5:1. Двоен стрелец беше капитенот Душан Тадиќ, кој постигна маестрално и неодбранливо голчиште од слободен удар, а по еднаш стрелаа Влаховиќ, Ѓуричиќ и Јовиќ.